Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

10:50 27.4.2014
Во Охрид проблеми со избирачките списоци
Јавува Мики Трајковски

Претседателите на избирачките одбори во Охрид потврдуваат дека постои голем револт помеѓу граѓаните кои ги има во списокот за парламентарните избори, а ги нема во списокот за претседателските избори.

Од ОИК за Радио Слободна Европа потврдија дека граѓани реагираат до нив за овие пропусти и оти ги упатуваат до ДИК. Во Охрид до 10 часот правото на глас за парламентарните избори го оствариле 10,87 % од гласачите, додека за претседателските избори 10,76%
10:09 27.4.2014
ЦИВИЛ - Разни кршења на изборниот молк

Во раните утрински часови, партиски активисти оставиле пропаганден материјал пред вратите на куќи и станови. Ова кршење на изборниот молк се евидентираше во скопските општини Аеродром, Центар и Карпош, каде е вршена агитација со делење пропаганден материјал, јавува Цивил.
10:06 27.4.2014

Прв рапорт на МОСТ

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. ГМ 2845 во Центар и 2446 во Сарај биле отворени со задоцнување поради технички причини, а ГМ 1147 и 1135 во Куманово биле отворени со задоцнување поради недостапност на теренот. Досега, забележано е:
09:50 27.4.2014
Без проблеми се одвиваат првите два часа од гласањето во Тетовско и Гостиварско

До 9 часот според податоците од избирачките места, излезноста е до најмногу 2,5 проценти, јавува дописнкот на Радио Слободна Европа од Тетово..
Претходно во саботата, се спроведе гласањето на болни граѓани, изјави Звонко Ристовски, заменик претседател на општинската изборна комисија во Тетово.
Во општина Тетово правото на глас можат да го остварат 79.426 граѓани, додека во Гостивар 74.906 гласачи се евидентирани во избирачкиот список.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG