Достапни линкови

Кандидатите ветуваат вработувања, граѓаните веруваат


Ѓорѓе Иванов во Струга.
Ѓорѓе Иванов во Струга.

Нереалните ветувања на претседателските кандидати во изборната кампања за вработувања и подобар животен стандард резултираше и со нереални очекувања кај граѓаните.

Нереалните ветувања на претседателските кандидати во изборната кампања за вработувања и подобар животен стандард резултираше и со нереални очекувања кај граѓаните. Претседателските кандидати и во првиот и во вториот круг ветуваат подобар животен стандард и вработувања, нешто што не влегува директно во нивните надлежности кои би ги имале доколку ја освојат претседателската фотелја. Лошата економска ситуација во која што живеат граѓаните дополнително ги разгорува надежите за подобар живот и бегство од сиромаштијата.
Од новиот претседател очекуваме отворање на нови работи места и вработување за младите, за да не ја напуштаат нашата земја.
Анкетиран граѓанин.


„Од новиот претседател очекуваме отворање на нови работи места и вработување за младите, за да не ја напуштаат нашата земја.“
Пендаровски во посета на Охрид.
Пендаровски во посета на Охрид.

„Сè најубаво, младите да се вработат, а нас пензија да има.“

„За младите да има подобар живот, да не бегаат нагоре, да си останат тука.“

Претседателската кампања сега дополнета со парламентарна, е исполнета со економски ветувања, од простување долгови на група граѓани кон јавните претпријатија, до нови инвеститори кои само што не дошла ама ќе вработуваат за 3 до 5 години.
Многу брзо кандидатите излегоа од предметот на надлежности и влегоа во економски аспект. Претпоставувам дека на граѓаните економските перспективи им се толку или можеби уште поважни.
Сашо Клековски, политички аналитичар.

Експертите тврдат дека во изминативе петнаесетина години политичарите во секогаш големо внимание посветуваат на темата „вработување“ во парламентарната кампања. Но годинава изненадуваат претседателските кандидати кои влетуваат со ветувања во сектор за кој според ингеренциите немаат директно влијание.

Аналитичарот Сашо Клековски вели дека очекувал кандидати многу повеќе да се насочат кон евроинтеграциите, надворешната политика, одбраната што е во нивна надлежност.

„Многу брзо кандидатите излегоа од предметот на надлежности и влегоа во економски аспект. Претпоставувам дека на граѓаните економските перспективи им се толку или можеби уште поважни. Јас би очекувал малку поконцентрирана дебата од претседателските кандидати што ќе направат доколку самитот на НАТО е Самит на проширување, значи не општи дебати за евроатланските интеграции, туку еве има една можност во септември Македонија да стане членка на НАТО и како тој период од воспоставување на власта, претпоставувам ќе се воспостави во јуни, и како тој период од јуни до септември ќе се максимизираат можностите и да имаме поместување во однос на спорот за името и имаме поместување во однос на приемот во НАТО“, вели тој.

Според Уставот претседателот ја претставува Република Македонија. Тој е врховен командант на вооружените сили и го определува мандатарот за состав на Владата. Во негови надлежности спаѓаат поставувањето и отповикувањето на амбасадори на Македонија во странство и примање на странски дипломатски претставници во земјава, предлози за устави судии и членови на судски совет како и раководење со советот за безбедност на Македонија. Во негова ингеренција е и помилувањето на затвореници.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG