Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел се согласиле дека се подготвени да ја казнат Русија доколку не преземе чекори за деескалација на ситуацијата во источниот дел на Украина.
„Мислам дека не би требало да бидеме сигурни во ништо во овој момент. Мислам, постои можност и изгледи дека дипломатијата може да ја деескалира ситуацијата и ние можеме да постигнеме напредок што отсекогаш беше наша цел, да им дозволиме на Украинците да ги направат своите сопствени одлуки за сопствените животи“, рече Обама.
Договорот што беше постигнат на состанокот во Женева меѓу Украина, Русија, Соединетите Држави и Европската унија повикува на разоружување на сите групи во Украина. Исто така се нуди амнестија за демонстрантите кои имаат окупирано владини згради во земјата.
Амнестијата не важи за оние што се обвинети за сериозни кривични дела. Четирите страни се договорија и за испраќање мисија на ОБСЕ за да ја надгледува деескалацијата.
Украинскиот привремен министер за надворешни работи Андриј Дешчица изјави дека договорот е тест за Русија. Според него, нареднививе денови ќе бидат од клучна важност за вистински напредок.
„Следните неколку денови ќе бидат клучни и тие ќе бараат од сите страни искрени напори за да се спроведат во практика сите формули што толку внимателно беа разгледувани цел ден“, изјави Дешчица.
Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека најважен следен чекор е да се обезбеди она што е договорено да се спроведе на дело.
Но, тој додаде дека го предупредил неговиот руски колега Сергеј Лавров дека Москва може да се соочи со нови санкции доколку не преземе акција за намалување на тензиите.
Лавров од своја страна нагласи дека договорот за разоружување важи за сите групи во Укрина, вклучувајќи ги и оние што ги поддржуваат новите украински власти. Тој повтори дека Киев мора да преговора со претставници на сите региони за идните уставни промени.
Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон потврди дека Брисел останува посветен во поддршката на украинскиот суверентитет и територијален интегритет.
Аналитичарите сметаат дека се уште не е јасно каков ефект ќе има договорот кај проруските сеператисти кои држат владини згради во неколку градови во источна Украина.
Агенциите цитираат претставник на сепаратистите во индустрискиот град Доњецк кој вели дека процесот на расчистување на ситуацијата треба да почне во Мајдан во Киев, симболичното место од каде што беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.
Постои можност и изгледи дека дипломатијата може да ја деескалира ситуацијата и ние можеме да постигнеме напредок што отсекогаш беше наша цел.Барак Обама, претседател на САД.
„Мислам дека не би требало да бидеме сигурни во ништо во овој момент. Мислам, постои можност и изгледи дека дипломатијата може да ја деескалира ситуацијата и ние можеме да постигнеме напредок што отсекогаш беше наша цел, да им дозволиме на Украинците да ги направат своите сопствени одлуки за сопствените животи“, рече Обама.
Договорот што беше постигнат на состанокот во Женева меѓу Украина, Русија, Соединетите Држави и Европската унија повикува на разоружување на сите групи во Украина. Исто така се нуди амнестија за демонстрантите кои имаат окупирано владини згради во земјата.
Следните неколку денови ќе бидат клучни и тие ќе бараат од сите страни искрени напори за да се спроведат во практика сите формули што толку внимателно беа разгледувани цел ден.Андриј Дешчица, в.д. министер за надворешни работи на Украина.