Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР не дава црно-бела оценка за изборите


Прес-конференција на амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс, шеф на ограничената мисија за набљудувачи на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и Стефан Шенах, шеф на делегацијата на ПАСЕ.
Прес-конференција на амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс, шеф на ограничената мисија за набљудувачи на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и Стефан Шенах, шеф на делегацијата на ПАСЕ.

Наместо досегашната пракса, ОБСЕ/ОДИХР не соопшти дали изборите биле фер и демократски. Изборите претставуваат комплексен процес и тешко е да се даде црнo-бела оценка, рече амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Хајнрик Аренс.

Изборите претставуваат комплексен процес и тешко е да се даде црнo-бела оценка. Кога ја вршиме нашата проценка ние ја земаме предвид целата комплексност на изборниот процес и се обидуваме да бидеме праведни, односно избегнуваме да дадеме такви поедноставувања, рече амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Хајнрик Аренс на прашањето зошто како досегашната пракса не соопштија дали изборите биле фер и деомкратски спроведени.
Посматрачите не се организатори на изборите и не се мешаат во изборите, туку тие прават својата проценка и врз основа на проценката на крајот на процесот даваат свои препораки.
Герт Аренс, ОБСЕ?ОДИХР.


„Целосната оценка за изборите ќе можеме да ја дадеме дури по нивното завршување, односно откако ќе помине и вториот круг на изборите и сето она што ќе се случува во меѓувреме, но како што реков, се обидуваме да не даваме такви црно-бели оценки кои подоцна можат да доведат до толкувања“, рече тој
Герт Аренс.
Герт Аренс.


Во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Аренс порача дека Македонија како членка на организацијата има обврска да ги прифати и почитува.

„Посматрачите не се организатори на изборите и не се мешаат во изборите, туку тие прават својата проценка и врз основа на проценката на крајот на процесот даваат свои препораки. Некои од претходно дадените препораки се почитуваат, преку тоа што се вградени во изборното законодавство, некои препораки досега не се почитувани и затоа тие ќе се повторуваат се додека не почнат да се почитуваат“, вели Аренс.
Кампањата го подели општеството по етнички линии, а повикот од страна на една етничка албанска партија до претставниците на оваа заедница да не гласаат е предмет на загриженост.
Стефан Шенах, Совет на Европа.


Според него претседателските кандидати слободно можеле да водат кампања и основните слободи биле почитувани, но натпреварот не бил рамноправен.

Според ОБСЕ/ОДИХР, Државната изборна комисија главно функционирала ефикасно и најголем дел од нејзините седници биле отоврени за набљудувачите и медиумите. Но според ОБСЕ, актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Ѓорге Иванов имал значителна предност во однос на ресурсите и доминирал во однос на платено-политичкото рекламирање во медиумите. Од организацијата велат дека со јасната поддршка од владата за актуелниот претседател не се испочитува во целост одвоеноста меѓу партијата и државата.
Стефан Шенах, шеф на делегацијата на ПАСЕ.
Стефан Шенах, шеф на делегацијата на ПАСЕ.


Шефот на делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Стефан Шенах, изјави дека кампањата го поделила општеството по етнички линии и повикот од страна на една етничка албанска партија до претставниците на оваа заедница да не гласаат е предмет на загриженост. Според него, иако тонот на кампањата во најголем дел бил умерен, со нејзиниот развој се почесто можело да се слушне негативна реторика.

Од граѓанската асоцијација МОСТ велат дека според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 29-те регионални координатори, прелиминарната оценка е дека гласањето на 13-ти април помина во мирна атмосфера со изолирани тензични ситуации и релативно висока излезност на граѓаните, имајќи го предвид фактот дека една политичка партија водеше кампања за бојкот на претседателските избори.

„Сепак, фактот што видливото мастило лесно се отстрануваше беше причина за поголем број издржани реакции од страна на јавноста и гласачите. Ваквата појава несомнено имаше влијание врз довербата на гласачите во изборниот процес“, велат од МОСТ.

Од МОСТ нотирале и дека била присутна практиката избирачките одбори на глас да ги читаат имињата на гласачите, а биле забележани и лица кои евидентираат гласачи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG