Достапни линкови

Најмногу коментари за изборните и се што носат тие со себе


Информациите за резултатите од изборите, изборниот ден, нерегуларностите, изборното мастило, гласачите од непосточеките станови, предизвикале најмногу коментари.

Зад нас е првиот круг на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на својот кандидат, досегашниот шеф на државата кој трча за втор мандат, некои аналитичари забележаа дека лидерот на партијата не го ни спомна Иванов на завршната прес-конференција, а вие, почитувани, најактивни сте биле на Фејсбук, каде што, исто така можете да ги следите информациите на Радио Слободна Европа.
Од Мартин Нешковски, Кежаровски и Шиповиќ, А1 ТВ, Фокус, 24 декември, Актор, Панама, па до становите кај МВР, случајот Висарис, Бристол, разумен компромис, Жак Ширак, повикот за „метак у чело“ од страна на Миленко Неделковски... Ако можете да им го заборавите ова и да спиете мирно, тогаш ништо.
Коментар на читател.


Лоло Македонски педантно ги наредил сите „случаи“ на актуелната власт, од Мартин Нешковски, преку Кежаровски и Шиповиќ, А1 ТВ, Фокус, 24 декември, Актор, Панама, па до становите кај МВР, случајот Висарис, Бристол, разумен компромис, Жак Ширак, повикот за „метак у чело“ од страна на Миленко Неделковски... „Ако можете да им го заборавите ова и да спиете мирно, тогаш ништо“, напишал Лоло на Фејсбук.

Зелениот човек, пак, му одговара на Лоло почнувајќи со Тат, Лавци, 1000 и кусур фабрики затворени, крадење на сè и сешто, па до вработување на еден во семејството, нема да седнам со Љубчо (а седна), спречување на Ауди да инвестира во Македонија...
Машинеријата е страшна, се користат сите средства, забелешките само ќе се нотираат од страна на надворешните фактори, но власта ќе си тера понатаму уште поозарена.
Коментар на читател.

Алексеи Петровски прашал дали ќе има коефициенти за обложување, Владе Секуловски смета дека секој кој мисли дека СДСМ може да се врати на власт е тешка будала, а Љубица Сара Николова напишала: „Тешка будала е оној што го поддржува овој режим, но за сè има лек, кога по некоја година ќе остане во пензионерска Македонија и ќе јаде трева, ако и за неа дотогаш не воведат данок“.

Сава Трајковска, пак, најмногу ја интересира како се вади маркерот од ноктот и прашува дали некој знае како да го избришела. По нашата информација од прес-конференцијата на невладината „Цивил“ која уште пред неколку дена се посомнева во прочистеноста на Избирачкиот список, Перо потсетува дека истите работи со непостоечки станови и влезови се случувале и на локалните избори, но сега со „надоградени“ непостоечки гласачи и дека опозицијата не треба да оди на избори сè додека не се прочисти Избирачкиот список.

„Машинеријата е страшна, се користат сите средства, забелешките само ќе се нотираат од страна на надворешните фактори, но власта ќе си тера понатаму уште поозарена“, напишал резигнирано Перо.

Инаку, на нашата анкета дали изборите ќе бидат фер и демократски, од 2137, над 60 отсто се кликови за одговорот: „Не“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG