Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

13:51 13.4.2014
14:07 13.4.2014
Гласањето мирно, најмногу забелешки за мастилото

До 14 часот, гласањето од првиот круг на претседателските избори во Македонија, главно се одвива мирно и без некои посериозни проблеми. Најмногу забелешки има за фактот што мастилото со кое се маркираат гласачите, кои веќе го оствариле своето право на глас, лесно се брише. Но, доколку доследно се споведува процедурата на гласање, и доколку нема малверзации, тогаш е тешко некој да гласа по втор пат.
Невладините МОСТ и Цивил регистрирале и некои други неправилности, за кои известуваат на нивните редовни прес конференции.

Инаку, забележително е дека во местата каде што мнозинство се гласачите албанци, одзивот е многу слаб.
Од пресот на ДИК
Од пресот на ДИК
14:08 13.4.2014
Во Тетовско има села каде никој не гласал

Ниската излезност на гласачите во тетовско и гостиварско е карактеристиката на гласањето во шест часа од текот на гласањето во овие општински изборни единици. Во општина Тетово просечната излезност на гласачите е околу 11 проценти. Според информациите од некои 117-те избирачки места, како што се планинските населени места при општина Тетово, како што се Ѓермо и Селце, никој од граѓаните не излегол да го оставари своето право на глас. Во останатите општини: Општина Јегуновце има 11, 61% излезност, Општина Брвеница 15 %, Општина Желино 4, 78%, Општина Теарце 9.95 % и Општина Боговиње 3% излезност на граѓаните.
14:15 13.4.2014
ВО ЦЕНТАР ЖУПА ОДЗИВОТ 1О% ДО 13 ЧАСОТ,
Печалбарите ги нема на денешното гласање
јавува Кенан Мимидиновски

Во општина Центар Жупа инаку позната по големиот број на печалбари до 13 часот бројот на излезени избирачи е 636 од вкупно 6.067 гласачи, или 10,47 проценти. Претседателот на општинската иборната комисија во оваа рурална општина Шефко Јусуф за РСЕ изјави дека гласањето се одвива мирно и додаде дека во досегашниот изборен процес не е забалежано гласање на печалбари, кои во изминатите изборни процеси беа масовно присутни .
Податоците говорат дека над 65 насто од населението од оваа општина се печалбари и тоа претежно во Италија и некои други земји на ЕУ. На последните локални избори во оваа општина над 3000 печалбари (5о насто од гласачите) пристигнаа за да гласаат, и тие беа клучни во изборот на новото локално раководство.
Центар Жупа
Центар Жупа

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG