14:28
13.4.2014
Штета што немав повеќе време да поседам на гласање сакав да се видам со дедо ми - Бог да го прости.
— Danko (@danijelfreak) April 13, 2014
14:32
13.4.2014
АЛБАНИЈА – ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Албанските медиуми денеска посветуваат големо внимание на претседателските избори во Македонија. Како електронските така и пишаните медиуми го потенцираат фактот дека за прв пат и македонската дијаспора гласаше за изборот на претседателот на државата. Исто така се изнесува оценката дека во првиот круг тешко дека некој од четворицата претенденти ќе ги добие изборите. Во дел од медиумите исто така се потенцира и подвоеноста на албанските политички субјекти кога е во прашање излегувањето на гласањето.
Кенан Мимидиноски
15:00
13.4.2014
Да беа претходните избори регуларни, денес воопшто немаше да се обидеме да го бришеме маркерот од прстот.
— Man (@Goran_Man) April 13, 2014
15:28
13.4.2014
Разлика од 6000 гласачи во Битола
Жанета Здравковска
Околу 6000 гласачи е разликата меѓу податоците со избирачи за Битола што ги имаа Општинската изборна комисија и оние објавени на официјалната страна на Дражавната изборна комисија. Според ОИК во општина Битола вкупниот број на гласачи е 82588, а според ДИК 76 587. Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија објаснува дека разликата се должи на тоа што дел од гласачите кои се во казнено-поправни домови гласале во други општини.
-Покажуваме бројката според бројот на ливчиња што ги имаме добиено за нашите избирачки одбори. Дел од ливчињата за гласачи од Битола се наоѓаат и во други општински комисии кои спорвеле гласање за лицата од Битола кои се наоаѓаат во казнено поправните домови низ Македонија. Вкупната бројка на гласачи од Битола е оваа што ние ја кажуваме плус бројката која ќе пристигне од казнено поправните домови – изјави Насев.