13:49
13.4.2014
И во Битола се брише мастилото
Политичка партија од Битола доставила преставка до Општинската изборна комисија дека на повеќе избирачки места во градот се бришело мастилото кое се користи за обележување на плаците на гласачите. Политичката партија очекува преставката да влезе и во записникот за изборите.
Други преставки до 13 часот не се поднесени и гласањето во Битола се одвива без проблеми. Според Општинската изборна комисија отворени се сите 170 гласачки места каде право на глас имаат 82588 гласачи на претседателските избори во државата, кои имаат можност да гласаат за еден од четирти кандидати за претседател. На официјалната интернет страница на Државната изборна комисија, пак пишува дека општината брои 76 587 гласачи. Разликата во броевите е околу 6000 гласачи.

13:45
13.4.2014
Во Охрид до 13 часот гласале 30,70% , во Струга 11%
Мики Трајковски-Охрид
Во Охрид излезноста до 13 часот изнесува 30,71% информираат од ОИК во Охрид. Од таму велат дека до нив до сега не се пријавени никакви нерегуларности. Но граѓани на Охрид се жалат дека ги немало во избирачкиот список иако пред само неколку дена извадиле нови лични карти. На последните избори велат дека регуларно го оствариле своето избирачко право. Од ОИК во Охрид велат дека таквите случаи ги упатувале до Државната изборна комисија чии што простории се сместени во истата зграда. Во Струга и натаму излезноста е мала и изнесува само 11 %. Џенгис Хани претседател на ОИК во Струга не информира дека за сега гласањето во струшко тече без никакви инциденти и нерегуларности.
13:45
13.4.2014
Во Прилеп евидентирани нерегуларности
Јавува Моника Талеска
Еден гласач на избирачкото место 1380 што се наоѓа во просториите на Агенцијата за рурален развој во Прилеп, денеска зад пултот за гласање бил забележан како го фотографира со мобилен телефон гласачкото ливче. Инцидентот бил регистриран од членови на избирачкиот одбор и веднаш пријавен во Општинската изборна комисија.
„Значи еден од гласачите незабележително го сними најверојатно ливчето со мобилен и потоа не признаваше дека го сними, ја зеде личната карта, замина, случајот е пријавен во Општинската изборна комисија и заведен е во дневник“, изјави Снежана Шљупкова, заменик претседател на избирачкиот одбор на и.м. 1380 во Прилеп.
Друг гласач кој инсистира на анонимност, тврди дека мастилото од фломастерот на прстот, кое што е доказ дека го искористил гласачкото право, многу лесно го избришал со влажно марамче. Во Општинската изборна комисија не успеавме се уште да добиеме информации дали има други пријавени вакви случаи, иако и други граѓани забележуваат дека се користат фломастери кои лесно се бришат.
Според официјалните информации во Прилеп на 142 гласачки места денеска своето право на глас, треба да го искористат 64567 избирачи. Гласачките кутии се отворија во законки утврдениот термин на сите избирачки места.
А, дека мастилото се брише, погледнете и сами.
13:20
13.4.2014
Излезноста во затворите била 100%. Можеби не почитуваат закон , ама сепак почитуваат закон. If you know what I mean.
— Емилито (@EmilitoAtanez) April 13, 2014