12:06
13.4.2014
Изборното мастило се мие со вода и сапун, иако не би требало, најмалку 24 часа. Еве како:
12:01
13.4.2014
Во Струга до 10 часот на гласање излегле само 2,3 %
Мики Трајковски од Струга
Излезноста во Струга и струшко до 10 часот е минимална и изнесува само 2,3 %. Во Охрид до 10 часот на гласање излегле нешто повеќе гласачи, односно изезлезноста е 11,77%/ Од СВР Охрид информираат дека до овој момент се е регуларно и дека изборниот прицес на подрачјето на Охрид и Струга се одвива во фер и мирна атмосфера. Од таму уште информираат дека за сега не се пријавени никакви нерегуларности.
Инаку вчера во текот на изборниот молк бил демолиран изборен штаб на политичка партија во струшко. Искршени биле стаклата и дел од инвентарот, а случајаот бил пријавен во полиција.

11:42
13.4.2014
Хелсиншки комитет: Пријави повреда на избирачко право!
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија ги потсетува граѓаните дека денеска канцеларијата на Комитетот е отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право на првиот круг од претседателските избори. Канцеларијата на Комитетот се наоѓа на нова локација односно на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 83. Отворени се и фиксна и мобилна телефонска линија: +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)78 252 812.

11:36
13.4.2014
Странските новински агенции за изборите
ДПА: гласање без сигурен победник
Македонците гласаат за нов претседател но, според очекувањата, ќе има и втор круг, бидејќи ниту еден од четворицата кандидати не ќе можат да соберат над 50 насто од гласовите од сите регистрирани избирачи. Германската новинска агенција ДПА потсетува дека изборите во Македонија во минатото биле нарушувани со извесни насилства и наводи за манипулации при гласањето. Македонија сака да стане членка на НАТО и на Европската унија која во 2005 година и даде кандиатски статус на оваа балканска земја. Меѓутоа, досега нема почеток на преговорите.