Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

11:26 13.4.2014
Гласање во првиот круг од претседателските избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00
Директен линк

Гласањето, засега според процедурите.
11:22 13.4.2014
Гласањето во кумановско, вообичаено

Во Изборната единица број 2 во кумановскиот регион до сега гласањето се одвива нормално и без никакви инциденти, со минимални или веќе вообичаени прекршувања на изборниот молк. Според партиски податоци излезноста на гласачите е меѓу 7 и 9 проценти. Во липковското село Стрима избирачките материјали задоцниле поради непристапноста на теренот. Во тоа избирачко место има 7 гласачи.
11:07 13.4.2014
Гласањето засега без проблеми

Во најголемиот дел од општините, гласањето за иден претседател на земјава се одвива без проблеми, а избирачките места се отворени навреме. Проблеми, според досегашните информации имаше на едно избирачко место од вкупно 83 во Струмица каде што поради грешка во броењето за половина час подоцна започна гласањето. Но, сепак, е утврдено дека сите ливчиња биле на број, потврдија и од Општинската изборна комисија.

- Во сите 170 избирачки места во општина Битола, каде што право на глас имаат 82.588 гласачи непречено се одвива гласањето - информираат од Општинската изборна комисија во овој град.

И граѓаните кои се запишани во избирачкиот список во општина Струга досега непречено го реализираат своето избирачко право на вкупно на 101 избирачко место.

Според информации од трите општински комисии во гостиварскиот регион - Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, гласањето за претседател се одвива непречено.

И во општина Дебар гласањето се одвива на сите 27 гласачки места, информира претседателот на општинската изборна комисија Адриан Марку.

Гласањето непречено се одвива и во сите скопски општини.
11:04 13.4.2014
Странските новински агенции за изборите

Бета: петти претседателски избори

Во Македонија се одржуваат петтите претседателски избори откако земјата стекна независност во 1991 година, јавува српската новинска агенција Бета, наведувајќи дека во трката учествуваат четворица кандидати. Агенцијата потсетува дека изборите ги следат над 8.320 домашни и 326 странски посматрачи. Првите неофицијални резултати се очекуваат денеска пред полноќ, а Централната изборна комисија би требало резултатите да ги соопшти 24 часа по затворањето на избирачките места.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG