Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

10:54 13.4.2014
Фотогалерија: Гласањето засега без проблеми.
10:47 13.4.2014
Странските новински агенции за изборите

Франс прес: претседателски тест за партиите

Денешното гласање на претседателските избори во Македонија е своевиден тест за партиите пред изборите за парламентот што ќе се одржат по две недели. Изборите за оваа пред се церемонијална функција се под знакот на тешката економска ситуација и на спорот со Грција околу името. Во земјата со околу два милиона луѓе, секој четврти е без работа, пишува, меѓу другото, агенцијата Франс прес.
10:38 13.4.2014
Во Охрид и Струга за сега мирно, гласачките кутии се отворени навреме
Јавува Мики Трајковски-Охрид

Во Охрид и Охридско гласачките кутии беа отворени навреме и гласањато за претседатедателските избори се одвива без проблеми. Според избирачкиот список во општина Охрид право на глас имаат 51 157 лице и се гласа на вкупно 88 избирачки места. Поради тоа што бројот на гласачи е помал од 10, избирачкото место за селото Скребатно е преместено во селото Лескоец. Вчера во Охрид гласаа тројца затвореници и 134 болни лица. Во соседна Струга право на глас имаат 57.983 граѓани и се гласа на вкупно 101 избирачко место. Од Општинската изборна комисија во Струга информираат дека сите избирачки места биле отворени навреме.
„Нови 23 избирачки места имаме за овие избори во општина Струга. За сега гласањето се одвива без проблеми и согласно препораките на Државната изборна комисија, вели претсдателот на ОИК во Струга Струга Џенгис Хани.
10:17 13.4.2014
Странските новински агенции за изборите

Ројтерс: избори за втор круг

Македонците денеска гласаат за нов претседател. Гласањето главно е во сенка на претстојните парламентарни избори во малата балканска држава што треба да се одржат за две недели. Денеска, како што јавува Ројтерс, не се очекува да биде избран и нов претседател. Кандидатот за да победи мора да добие над 50 насто од сите регистрирани гласачи, цел што беше постигната само еднаш откако Македонија во 1991 година стана независна држава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG