Достапни линкови

Неделен печат - Избори и афери


Градежни работи на делницата Демир Капија-Смоквица.
Градежни работи на делницата Демир Капија-Смоквица.

Глобус ги анализира причините за предвремените избори, Фокус пишува за влијанието на аферата „Актор“ врз имиџот на власта, а Република ги анализира ДУИ и СДСМ.

Глобус - Мастурбанационализам
Типичен пример за мастурбанационализам се предвремените парламентарни избори во Македонија, трети по ред за само шест години.
Глобус.

За политичко-порнографската кованица мастурбанационализам пишува во најновиот он-лајн Глобус, авторот на редовната колумна Таленти. Па појаснува дека кованицата ја изразува директната врска помеѓу опседнатоста на политичките елити со власт и нејзиното јавно или прикриено самозадоволување на овие потреби со нетрпеливост и национализам. Типичен пример за мастурбанационализам, продолжува Глобус, се предвремените парламентарни избори во Македонија, трети по ред за само шест години. Распишани се без вистинска потреба, со само една и јасно видлива цел: владетелите што подолго да останат на власт. Самозадоволувањето на егото, билдањето рејтинзи врз и со злоупотреба на национализмот, секогаш опасен и никогаш не без последици, ќе доминираат во кампањите за претстојните двојни избори, предвидува неделникот. Треба да се прикријат досегашните неуспеси: сиромаштијата и невработеноста, расипничкото трошење народни пари и корупцијата, мегаломанскиот скандал со Скопје 2014, оддалечувањето на државата од ЕУ и НАТО, пишува Глобус.
Лека-полека почнуваат да напукнуваат трите главни столбови на оваа власт - патриотизмот, чесноста и непобедливоста.
Фокус.

Република - ДУИ уценува, Бихаќка ликува

Три текстови - анализи, плус уводникот, Република ги посветува на однесувањето на ДУИ и на СДСМ во актуелната политичка предизборна клима во земјава. „ДУИ уценува, Бихаќка ликува“, констатира неделникот во анализата во која пишува за „Африканските манири на ДУИ“. Угоре високо, удолу длабоко - смета неделникот, зашто СДСМ кандидирал туѓ кандидат за претседател на државата - констатира во втората анализа. И третиот текст, посветен на анкетите за рејтинзите на партиите, конкретно на последната на Институтот за политички истражувања, е наменет на истакнување на големиот процент разлика меѓу популарноста на партиите и нивните кандидати, во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Таа анкета дала неколку важни информации поврзани не само со односот на силите пред двојните избори туку, како што тврди Република, и за иднината на политичките односи во земјава.

Фокус - Кога патриотите ќе занемат!

„Кога патриотите ќе занемат!“ - вели авторката на колумната во Фокус со поента дека лека-полека почнуваат да напукнуваат трите главни столбови на оваа власт - патриотизмот, чесноста и непобедливоста. Како причина за ова тврдење неделникот ја наведува аферата „Актор“, што ја обелодени СДСМ со изнесувањето 3,5 милиони евра од земјава од страна на грчки граѓани во полза на грчката фирма којашто треба да го гради патот Смоквица-Демир Капија. Дали случајот го нагризува митот за патриотизмот сосе чесноста? За непобедливоста, пак, како забиен глогов колец во срцето на преродбата беше победата во Центар. Сè е начнато, завршува Фокус, ама тоа не оди лесно, особено кога за изминативе години си ги обликуваа приврзаниците да немаат грам сомнеж во она што го прави власта. Па потоа ги поставува на функции што никогаш не би ги добиле во слободна пазарна конкуренција.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG