Достапни линкови

Корупциски афери - рамнодушни институции, па и граѓани


Архивска фотографија: Градежни работи на делницата Демир Капија-Смоквица.
Архивска фотографија: Градежни работи на делницата Демир Капија-Смоквица.

Нема инстутуционален одговор на корупциските скандали и афери. Како да стана правило, една афера да е актуелна сè додека не биде поклопена од друга понова.

Нефункционални институции, бавно и партизирано судство и јавност што слабо реагира на „корупциски дразби“ се причините поради кои аферите и скандалите што ги објавуваат политичките партии за своите опоненти поминуваат без некоја позабележителна рекација од јавноста. Како да стана правило, една афера да е актуелна сè додека не биде поклопена од друга понова.
Законските норми јасно предвидуваат кој и како треба да реагира на тоа, но ни тоа не ни се случува. Значи, во прашање е и нефункционирање на системот, но во прашање е и проблематичната политичка волја во изминативе 20 години во однос на ваквите прашања
Ѓорѓи Тоновски, социолог.

Социологот, професор Ѓорѓи Тоновски вели дека граѓаните не се сензибилизираат на аферите, затоа што во овие 20 години на ваквите скандали обично нема институционален одговор.

„Законските норми јасно предвидуваат кој и како треба да реагира на тоа, но ни тоа не ни се случува. Значи, во прашање е и нефункционирање на системот, но во прашање е и проблематичната политичка волја во изминативе 20 години во однос на ваквите прашања“, вели Тоновски.

Универзитетскиот професор Алајдин Демири се согласува со овие констатации и го вперува прстот во судството и во ниската политичка култура.

Во јавноста постои тоа мнение – е, па тоа не е ништо ново, знаеме дека сите политичари крадат и тоа крадат многу.
Алајдин Демири, универзитетски професор.
„Во јавноста постои тоа мнение – е, па тоа не е ништо ново, знаеме дека сите политичари крадат и тоа крадат многу, меѓутоа анемичноста настанува во оној момент кога граѓаните не знаат како да реагираат, како да се организираат, всушност искажуваат огромен страв од власта, затоа што власта може да им се одмазди“, вели Демири.

Последна во низата афери што се отворија во изминатиов период е за автопатот Демир Капија-Смоквица. Опозицијата обвини дека грчки државјани извадиле 3,5 милиони евра во кеш наменети за изградбата на автопатот кој чини 271 милиони евра, но оти парите никогаш не ја напуштиле Македонија. Партискиот портпарол Петре Шилегов праша во чии џебови завршиле овие пари - грчки, македонски или заеднички. Тој рече дека Агенцијата за спречување перење пари отворила случај, „но по нечиј налог постапката е стопирана“. Тој рече дека со тоа, се штити „некој од братучедско-кумската група што ја води владата“.

За овие обвинувања не се огласи ниту Јавното обвинителство, ниту Агенцијата за спречување перење пари, која беше директно прозвана. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговори дека за реализација на овој проект се почитуваат сите европски и македонски законски правила. Ако СДСМ се сомнева во незаконитости има начин тоа да го пријави до институциите, а институциите ќе си постапат, одговорија во ВМРО-ДПМНЕ и веднаш отворија нова афера, според која, братучедка на Радмила Шеќеринска од СДСМ добила тендер од 13,5 илјади евра од Секретаријатот за европски прашања.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG