Парламент на Крим изгласа припојување кон Русија
Парламентот на Крим денеска едногласно изгласал тој украински полуостров да стане дел од Русија, јавија руските медиуми цитирајки го текстот на одлуката. Про-руското раководство на Крим, исто така, решило референдумот за тоа дали Крим да се припои кон Русија или да остане во Украина, да се одржи во наредната недела, на 16-ти март. Новите власти во Киев не ги признаваат ново-избраните про-руски лидери на Крим и за нив издаде налог за апсење. Про-рускиот премиер на Крим, Сергеј Аксионов, изјави дека околу 11 илјади војници за само-одбрана на Крим се распоредени на полуостровот и ја контролираат ситуацијата. (Reuters video)