Достапни линкови

Проширен и надграден Совет за радиодифузија за послушни медиуми


Прес-конференција на министерот за информатичко општество Иво Ивановски и претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски.
Прес-конференција на министерот за информатичко општество Иво Ивановски и претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски.

Поранешниот Совет за радиодифузија според новиот закон освен зголемени ингеренции. Промените предизвикаа реакции дека Агенцијата ќе има зголемена контрола на медиумите.

Новата Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која го замени поранешниот Совет за радиодифузија во јавноста предизвика поделени дебати околу улогата и функцијата која ќе ја има. Ставувањата дека новото тело ќе има зголемена контрола на медиумите и ќе ја зацврсти својата моќ до ниво на послушност на медиумите ги негира сегашниот претседател на Советот на оваа Агенција, Зоран Трајчевски во неделното интервју за нашето радио.
Независноста не се мери во тоа на кој начин некој е избран да биде член во некое регулаторно тело, туку дали има интерес од областа што ја регулира.
Зоран Трајчевски, претседател на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Носењето на годишниот финансиски план, планот за јавни набавки, клучните документи, деловникот за работа, актот за систематизација итн, понатака одземањето и доделувањето на дозволите останува како надлежност на Советот, додека секојдневните оперативни активности ќе бидат во надлежност на директорот што значи дека од тој аспект многу побргу ќе можат да се спроведуваат сите активности.“

Сосема спротивен став има поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Мирче Адамчевски според кој новото регулаторно тело ќе предизвика дополнителна автоцензура во медиумите и ќе ги дисциплинира нив по свој терк. Негативните последици допрва ќе се почувствуваат, вели Адамчевски.
Тие ќе мораат да се прилагодуваат, да се приспособуваат на условите што ќе ги диктира првиот човек на Агенцијата.
Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

„Што значи дека тие ќе мораат да се прилагодуваат, да се приспособуваат на условите што ќе ги диктира првиот човек на Агенцијата.“

Изборот на членови на Советот кој го врши Собранието, за Трајчевски не е спорен, оти нивното предлагање го вршат други организации и институции кои не се партиски. Според Трајчевски со исклучок на Србија, Македонија има најлиберален начин на именување на членови на ова тело.

„Независноста не се мери во тоа на кој начин некој е избран да биде член во некое регулаторно тело, туку дали има интерес од областа што ја регулира, а тоа значи дека членовите на Советот или нивните семејства не треба да имаат акции во трговските радио-дифузни друштва и кабловските оператори коишто се предмет на регулација на ова регулаторно тело.“

Според Адамчевски пак, составот на седумчлениот совет во Агенцијата ќе биде биде доказ дека политиката доминира врз работата на ова тело. Повеќе од јасно е дека новиот Совет ќе биде партизиран и ќе одлучува онака како што ќе им нареди власта.

„Се знае што предлага парламентот, тоа треба да биде од владејачкото мнозинство, потоа имате претставник од адвокатската комора, кадешто претседател е личниот адвокат на премиерот, потоа имате двајца од здруженијата на новинари, ајде тие да речам дека може да бидат независни, па имате од заедницата на локална самоуправа, така што добиваме едно тело коешто навистина ќе биде партизирано.“

Според новиот закон е зголемена и финансиската независност на Агенцијата, односно приходите кои ќе ги има Агенцијата. Во изминатиот период, според Трајчевски, средствата кои ги имаше поранешниот Совет биле доволен само за покривање на тековните расходи, но не и за инвестирање на нови технологии во делот на електронските комуникации и радиодифузии.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG