Во Скопје и во Сараево постои културолошка инфраструктура од југословенската ера која полека изумира и која едноставно повеќе не е во состојба да обезбеди информирана дискусија, односно консумирање, овие уништени делови на заедничкото минато не можат да направат веќе ништо освен да овозможат само најосновно преживување на многу мал број на уметници.
Освен тоа, на различни начини, и двата уметнички света ги мачи политичка атмосфера грубо индиферентна за улогата и функцијата на современата уметност во постиндустриските општества. Во Скопје мегаломанскиот проект на преуредување „Скопје 2014“ претставува воспоставување неокласицизам како една хегемонска визуелна приказна на длабоко несигурна политичка класа очајна повторно да ја испише заедничката историја со многу контроверзното толкување на основите на македонската држава, низ создавање политичка драма.
Ова се само мал дел од промислите на кураторот Џон Блеквуд забележани за потребите на изложбата „Паралелен универзум: 5 современи уметници од Македонија“, која во периодот од 20 февруари до 15 март, се одржува во рамките на актуелната културна манифестација „Сараевска зима“.
Проектот е резултат на соработката на галеријата „Дуплекс 100м2“, Сараевското културно биро и Мала галерија од Скопје, а презентирани се делата на уметниците Ангел Миов, Филип Јовановски, Маја Кировска и групата Опсесивно посесивна агресија, во која се Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска.
Изложбата се осврнува на маргиналните позиции кои ги има современата уметност во двата града, а прикажаните дела, како што наведува Блеквуд, ја илустрираат вербата што им е потребна на уметниците за да продолжат да работат во условите кога постоењето на реална „културолошка економија“ во средините од каде што доаѓаат е болно отсутно.
„Она што Џон го бараше од нас беше да се претстави таа паралелна некоја историја, култура која што ние ја создаваме наспроти некоја официјална култура. Во таа смисла и моето дело „Го сакам Музејот на современа уметност во Скопје и Музејот ме сака мене!“ точно се занимава со тоа. Со таа паралелна историја на музејот, односно тоа дело го подготвив во склоп на Биеналето на млади уметници на тема „Солидарност“ каде што ја преиспитувам солидарноста преку улогата на независната сцена во моменталната актуелна култура преку Музејот на современа уметност“, истакнува Филип Јовановски.
Од друга страна, Слободанка Стевчевска вели дека ОПА на изложбата „Паралелен универзум“ се презентирала со видео инсталацијата „Вечно тело“. Таа дополнува дека станува збор за снимки направени во текот на две години од различни масовни собири во Македонија при што се одбрани неколку секвенци кои потоа се манипулирани и се направени одредени визуелни трансформации.
„Самата слика зборува околу една физичка, но и психичка манипулација во однос на телото и политичкото. Инаку, на изложбата искористивме една интересна ситуација. Во едно мало ходниче од Галеријата го отворивме прозорецот и во темницата на еден надворешен ѕид одеше проекцијата на нашето видео. Бидејќи се работи за едно ангажирано дело кое зборува за една одредена директна општествена состојба немаше директна дискусија како е кај нас, а како во Сараево, бидејќи мислам дека истото го живееме туку повеќе разговаравме околу тоа како е и што технички направено“, вели Стевчевска.
Маја Кировска на оваа изложба ја претставила својата инсталација „Крвта е погуста од водата, водата е црвена, црвената е боја“, а Ангел Миов, пак, делото „Три пентаграми плус три свастики е еднакво на три икса“, кое домашната ликовна публика го виде на постановката „Повлечи ги конците“ што се одржа на крајот на декември минатата година во скопски Чифте амам.
Инаку, кураторот Џон Блеквуд имал желба да ги претстави и уметниците Игор Тошевски, Ана Ивановска, Ѓорѓе Јовановиќ, Оливер Мусовиќ, Симон Узуновски и други, па оттаму произлегува дека неговата цел била всушност иницираната соработка да продолжи и во иднина.
„Идејата е потоа да се донесат неколку современи уметници од Босна кај нас тука и некако поцврсто да заживее таа културна комуникација. Како ќе излезе сето тоа останува да видиме, меѓутоа неколку контакти се веќе остварени што дава надеж дека сето тоа е возможно бидејќи кураторот гледа дека ситуацијата е многу слична и во двете земји. И во однос на сцените и во однос на тоа како функционираат институциите“, забележува Стевчевска.
Mоето дело „Го сакам Музејот на современа уметност во Скопје и Музејот ме сака мене!“ точно се занимава со тоа. Со таа паралелна историја на музејот.Филип Јовановски, уметник.
Освен тоа, на различни начини, и двата уметнички света ги мачи политичка атмосфера грубо индиферентна за улогата и функцијата на современата уметност во постиндустриските општества. Во Скопје мегаломанскиот проект на преуредување „Скопје 2014“ претставува воспоставување неокласицизам како една хегемонска визуелна приказна на длабоко несигурна политичка класа очајна повторно да ја испише заедничката историја со многу контроверзното толкување на основите на македонската држава, низ создавање политичка драма.
Идејата е потоа да се донесат неколку современи уметници од Босна кај нас тука и некако поцврсто да заживее таа културна комуникација.Слободанка Стевчевска, уметница.