По минатогодишното успешно издание во рамките на кое, сем во Скопје и во Истанбул, делата на бројни турски и македонски творци ги видоа љубителите на ликовната уметност во повеќе градови од обете земји, од 18 февруари до 1 март, во КИЦ ќе се одржи Втората меѓународна балканска изложба „Мост“. На постановката која е замислена како традиционална, овојпат ќе бидат претставени над педесет уметници кои творат во различни ликовни дисциплини и концепти. Меѓу нив се и Ватих Акан, Дорук Паксој, Еркон Доганај, Муса Ѓунеј, Кокан Грчев, Нехат Бекири, Наташа Милованчев, Тони Васиќ, Лејла Сабах,, Мурат Туран, Тања Таневска, Мирко Вујисиќ, Кристина Битракова и други.
„Ние преку ликовната уметност, преку одредени автори, носејќи ги сопствените творечки ракописи и понатаму ни е желба на едно место, во Република Македонија и потем во Турција, во Истанбул и во повеќе други градови, да ја реализираме оваа манифестација со една единствена цел – што повеќе и што подобро да се зближат двете држави и двете култури врз основа на заедничките нешта од минатото и од сегашноста“, истакнува професор Фехим Хусковиќ, кој сем што е присутен како сликар на постановката многу повеќе е ангажиран околу организациските работи околу нејзиното одржување во земјава.
Тој дополнува дека по минатогодишното промовирање и заживување на ваквата идеја, интересот на неговите колеги за учество бил огромен за да конечно откако делата биле селектирани се добие пожелуваната оптимална бројка на генерациски различни автори кои понудиле дел од сопствената ликовна естетика.
„Тоа се различни ракописи на автори од Европа и од Азија, ракописи на познати школи од каде што тие доаѓаат и од она што го носат со себе од аспектот на културата, обичаите и традицијата. Ова подразбира дека имаме од реални прикажувања на нештата, до апстрактни творби каде што сето тоа на некој начин прави едно единство или нуди сличност на творечки размисли како да се зближиме и како да ги споделиме одредените нешта. Конечно, како и на кој начин на љубителите на уметноста да им ги понудиме на увид актуелните моменти од ликовните сцени во Македонија и во Турција. Ете тоа е поентата на сево ова.“
Во контекст на ова говорење, историчарот на уметност професор Џемил Бектовиќ, во каталогот за изложбата, ќе запише дека таа претставува ретроспективен приказ на творечките импулси во минијатура каде заеднички настапуваат сликари, вајари, графичари и архитекти. Тој потенцира дека генерациските разлики, различните ликов ни дисциплини и различните стилски определби не се пречка во планираната концепција туку напротив, понудената разноликост е главниот квалитет на изложбата. Бектовиќ пишува дека „заедничкиот именител на сите авторски дела, кои се обединети во една точка, точка што претставува спој на желбите и остварувањата, е визибилниот стремеж и главната преокупација на вистинските уметници – љубовта кон уметноста“.
Кон ова само уште информацијата дека Втората меѓународна балканска изложба „Мост“ е подржана од бројни културни и образовни институции во Република Македонија и дека по Скопје неа е планирано да ја види и ликовната публика во Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово и во некои други градови од земјава, за да потем караванот се префрли преку Босфор во Мала Азија.
Имаме од реални прикажувања на нештата, до апстрактни творби каде што сето тоа на некој начин прави едно единство или нуди сличност на творечки размисли како да се зближиме и како да ги споделиме одредените нешта.Фехим Хусковиќ, сликар.