Урбанистичко редефинирање и легитимирање на националниот идентитет е социолошката димензија на проектот Скопје 2014 и последните најави за над 50 барокни фасади во центарот на градот, велат аналитичарите.
Донка Барџиева Трајковска од Центарот за културно наследство вели дека не случајно се градат такви монументални градби кои треба да остават впечаток за одредена величина, величина на народот во едно подлабоко минато.
„Затоа што веројатно дека во овој проблем што ни е наметнат со името одредени нешта се посместија во погрешен правец, па се појде кон создавање на една вештачка слика за величината на нацијата, колку е таа голема и колку се длабоки нашите корени во минатото, дека ние буквално сè сме имале, но во еден период, сето тоа било или уништено, или биле такви околностите да не стигнало до денешно време“, вели таа.
Социологот Илија Ацески вели дека видоизменувањето на една метропола не е невообичаено за светот, но во нашиот случај, во себе го носи предизвикот на редефинирање на нешто што не беше карактеристрично за земјава до пред 90-тите години од минатиот век.
„Повеќе ги гледам тие елементи кои што го силат тој впечаток, еден од нив е она што урбанистичко, архитектонско, физичко во таа смисла, и ставање на тие симболи кои што носат еден корен од наназад длабоко во историјата. Таа порака може да носи еден фундамент дека ние сме тие што сме на овие простори повеќе до илјада години на овие простори“, вели Ацески.
Барџиева Трајковска вели дека огромните зданија во барокно руво влијаат врз поединецот кој што влегува во институциите и создаваат конфузија.
„Гледано отстрана делува помалку комично но димензијата е застрашувачка да ниту самата не се осмелувам да гледам на тоа како на нешто што се случува и треба да предизвика смеа. А, за тоа како делува на граѓанинот очигледно е дека е доведен во ситуација да се сложи со тоа што го сервира владата затоа што паралелно со проектот Скопје 2014 оди и многу пропаганда“, вели таа.
Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, при истекот на неговиот мандат во 2012 изјави дека Владата им овозможи на институциите да работат во свои објекти и при тоа со изборот на покласична архитектура да поттикнат почит кон оние кои што влегуваат во институциите.
„Тоа го направи Владата и ја искористи можноста да можеби ги направи објектите во покласична архитектура, затоа што цени дека сериозноста на работата што ја вршат институциите треба да биде во такви објекти кои што ќе предизвикуваат малку и почит на оние кои што влегуваат внатре, на странките и на клиентите и на странските државјани“, рече тогаш Тодоровиќ.
Ацески вели дека првиот впечаток кој што го остава проектот кај поединецот кој што влегува во институциите е на моќност и големина. Тој додава дека социолошката димензија на барокниот изглед на Скопје е комплексно прашање кое треба детално да се анализира.
Се појде кон создавање на една вештачка слика за величината на нацијата, колку е таа голема и колку се длабоки нашите корени во минатото, дека ние буквално сè сме имале, но во еден период, сето тоа било или уништено.Донка Барџиева Трајковска, Центарот за културно наследство.
Донка Барџиева Трајковска од Центарот за културно наследство вели дека не случајно се градат такви монументални градби кои треба да остават впечаток за одредена величина, величина на народот во едно подлабоко минато.
„Затоа што веројатно дека во овој проблем што ни е наметнат со името одредени нешта се посместија во погрешен правец, па се појде кон создавање на една вештачка слика за величината на нацијата, колку е таа голема и колку се длабоки нашите корени во минатото, дека ние буквално сè сме имале, но во еден период, сето тоа било или уништено, или биле такви околностите да не стигнало до денешно време“, вели таа.
Таа порака може да носи еден фундамент дека ние сме тие што сме на овие простори повеќе до илјада години на овие простори.Илија Ацески, социолог.