Достапни линкови

АРМ ќе испрати војници во Босна и во Авганистан


Македонски војници кои учествуваат во мировната мисијата ИСАФ во Авганистан се вратија во Македонија. 21 јануари 2014.
Македонски војници кои учествуваат во мировната мисијата ИСАФ во Авганистан се вратија во Македонија. 21 јануари 2014.

Во мисијата во Авганистан што почнува во јули треба да заминат 150 војници, а во Босна АРМ учествува со 11 припадници и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир.

Комисијата за одбрана и безбедност ги усвои предлог одлуките за испраќање припадници на АРМ во мировната операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР-АЛТЕА и за учество во мировната операција во Авганистан, во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ.
Преку комуникацијата што ја имаме и со амбасадата во Сараево и со соодветните институции на Босна и Херцеговина, според оценките нема потенцијален ризик за состојбата на мисијата.
Талат Џафери, министер за одбрана.

Во ротацијата на мировната мисија ИСАФ во Авганистан што почнува во јули и ќе трае до декември треба да заминат 150 припадници кои заедно со претставникот за врски ќе бидат распоредени во Кабул. Во ротацијата на мировната мисија во Босна АРМ учествува со 11 припадници и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир. Овие предлог одлуки потоа треба да ги разгледа и усвои Собранието. Министерот Талат Џафери изјави дека во моментот
Мистерот за одбрана Талат Џафери ги пречекува македонските војниците кои се вратија од мисија во Авганистан, 21 јануари 2014..
Мистерот за одбрана Талат Џафери ги пречекува македонските војниците кои се вратија од мисија во Авганистан, 21 јануари 2014..
нема потенцијален ризик за безбедноста на нашите мировници во Босна и Херцеговина.

„Преку комуникацијата што ја имаме и со амбасадата во Сараево и со соодветните институции на Босна и Херцеговина, според оценките нема потенцијален ризик за состојбата на мисијата, било на нашата или на другите кои се таму ангажирани“, изјави министерот за одбрана Талат Џафери.
Секаде каде што праќаме наши припадници тие се оспособени да реагираат и да се справуваат со сложени ситуации и тешки ситуации.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.

Доколку ситуацијата од социјален аспект ескалира и добие димензии на политичко подржување и дојде до нефункционирање на институциите ЕУ треба да обезбеди функционирање на институциите, рече Талат Џафери коментирајќи ја изјавата што беше дадена овие денови дека ЕУ може да испрати свои сили во Босна доколку ситуацијата ескалира.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз укажа дека сите мировни мисии во кои учествуваат нашите мировници се сложени, но нагласи дека нашите војници се подготвени да реагираат и да се справат со сложени операции.
Доколку нашите партнери одлучат тоа да не се прави, ние ќе се повикаме на нивните активности и ние ќе се повлечеме.
Благоја Марковски, Балканскиот форум за безбедност.

„Секаде каде што праќаме наши припадници тие се оспособени да реагираат и да се справуваат со сложени ситуации и тешки ситуации. По тоа е успехот на нашите мисии, бидејќи добиваат, посебно во Авганистан, сложени задачи, тие го обезбедуваат штабот на мисијата во Авганистан.“

Оваа година беше планирано повлекување на мисиите од Авганистан, меѓутоа САД се уште не го потпишале Безбедносниот договор со Авганистан со кој Американците бараат дел од нивните претставници да останат таму.

Експертите велат дека ставот на Македонија е дека ќе останеме таму се додека има потреба, односно ќе се вклучиме во обучувањето на полициските и воените структури кои треба да се изградат по завршувањето на кризата таму.

„Доколку нашите партнери одлучат тоа да не се прави, ние ќе се повикаме на нивните активности и ние ќе се повлечеме, значи ние ја повлекуваме воената структура, нашиот воен контингент, но оставаме дел од тој контингент кој ќе се вклучи во оспособувањето и обучувањето на воените структури на оваа земја“, изјави Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Тој додаде дека Македонија има прифатено да учествува и во мисиите во Босна и во рамки на таа активност треба да ги извршува сите задачи, без оглед каква ситуација ќе се создаде.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG