Достапни линкови

Тетовскиот пат според Владата реконструиран, а според возачите недовршен


Иако во средината на јануари премиерот Никола Груевски и други владини функционери извршија пуштање во употреба на реконструираниот пат Тетово – Јажинце, возачите кои често се движат по оваа делница велат дека не воопшто не е безбедна, а се уште се соочуваат со разни проблеми на коловозната лента.

„ Прво треба се да се поправи а потоа да се пушти патот во употреба. Нема услови на тој пат, како да ви кажам треба да биде европски а не селски
велат анкетираните граѓани.
Патот е долг 30 километри а обновата е извршена само на 16 или од средината на селото Теарце до границата со Косово. Првите 14 километри и понатаму се со многу дупки се жалат возачите кои ги анкетиравме.
Освен тоа се уште стојат и дваесетина грпки познати како легнати полицајци кои што ги постави самоиницијативно месното население кај селата Порој и Џепчиште, а кои законски не сме е да ги има на магистрален патен правец.

„ Прво треба се да се поправи а потоа да се пушти патот во употреба. Нема услови на тој пат, како да ви кажам треба да биде европски а не селски“- велат анкетираните граѓани.

„Дали е подобрен патот, не е подобрен треба да се стави камера, трактори, пешаци и стока минуваат на магистрален пат“, објаснуваат анкетираните возачи.

Ние без асистенција на полиција и од инспекторатот за транспорт не можеме самите да се бориме да ги симнеме. Полицијата повеќе не ни дава асистенција вели самите да си ги решаваме тие проблеми меѓутоа ние со населението не можеме .
Миле Димитриевски технички раководител во Македонија Пат
Во Агенцијата за државни патишта велат дека се што било предвидено за реконструкција на патот е завршено. Поставените грпки треба да ги отстрани јавното претпријатие Македонија Пат. Миле Димитриевски технички раководител во Македонија Пат вели дека отстраниле три од грпките но дека нивната работа понатаму била блокирана од населението , а немале поддршка од другите државни институции.

„ Ние без асистенција на полиција и од инспекторатот за транспорт не можеме самите да се бориме да ги симнеме. Полицијата повеќе не ни дава асистенција вели самите да си ги решаваме тие проблеми меѓутоа ние со населението не можеме . Друго решение не постои освен со ограничување на брзината и со сообраќајна сигнализација да се решава проблемот,“ вели Димитриевски.

Жителите на Порој и Џепчиште велат дека нема да дозволат да се отстранат грпките бидејќи пред да бидат поставени за 10 години загинале над 60 нивни соселани. Според нив по поставувањето на грпките значително се намалиле сообраќајните несреќи а возилата се движат со намалена брзина.
XS
SM
MD
LG