Достапни линкови

Општина Тетово на интернет се обраќа само на албански јазик


Интернет страницата на Општина Тетово.
Интернет страницата на Општина Тетово.

Последната содржина објавена на македонски јазик на интернет страницата на Општина Тетово е од септември 2013 година, а објавите воопшто се ретки.

На официјалната интернет страница на Општина Тетово тековни информации може да се најдат само на албански јазик. Последната содржина објавена на македонски јазик е од септември 2013 година, а објавите воопшто се ретки. Вака е од јуни 2013 година кога страницата со промената на власта беше редизајнирана.
Во тек е подготовка на нова веб страница. И таа веб страница ќе биде пуштена на албански нормално, на македонски и на англиски јазик. Очекуваме веб страницата да биде готова до крајот на другата недела или почетокот на наредната.
Љуме Хусеини, портпарол на Општина Тетово.

Од општинската администрација не даваат објаснување зошто не објавуваат информации на македонски јазик. Од таму најавуваат дека наскоро ќе имале нова интернет страница на која информирање ќе има и на официјалниот државен јазик.
Љуме Хусеини, портпаролка на Општина Тетово.
Љуме Хусеини, портпаролка на Општина Тетово.

„Во тек е подготовка на нова веб страница. И таа веб страница ќе биде пуштена на албански нормално, на македонски и на англиски јазик. Очекуваме веб страницата да биде готова до крајот на другата недела или почетокот на наредната. Собиравме нови податоци и истите се преведуваат на англиски и на македонски“, вели Љуме Хусеини, портпарол на Општина Тетово.
Јас мислам дека би требело да биде ажурирано и на македонски и на албански јазик. Само на албански мислам дека не е добро.
Анкетиран граѓанин на Тетово.

Граѓаните сметаат дека секое занемарување на македонскиот јазик во етничка мешана средина создава револт кај Македонците. Освен тоа, на тој начин општината го ускратува правото на информирање на македонски јазик, велат тие.

„Апсолутно, бидејќи сме на линија на градење на мултиетничко општество, на заедништво и треба сите тие работи да одат и на македонски и албански.“

„Јас мислам дека би требело да биде ажурирано и на македонски и на албански јазик. Само на албански мислам дека не е добро.“

„Па треба и на македонски, не само на албански, бидејќи живееме во заедница“, велат анкетираните тетовци.

Обраќањето до граѓаните само на албански, што инаку е јазикот на мнозинското население во Тетово, не е добра појава бидејќи ги руши принципите на културна интеграција меѓу повеќе заедници во едно такво место, вели Маја Мухиќ, професор по интеркултурализам и мултикултурализам.

„Самата заедница мислам дека далеку поинтегративно живее со останатите етникуми, знаејќи ја мултикултуралноста на Тетово. Меѓутоа проблематично е тоа што ваква појава извира од еден официјален сајт на општина што ги креира политиките“, вели Мухиќ.

Ваквите појави, според неа, се и резултат на двојната интерпретација на сегментот на Охридскиот договор околу употребата на официјалниот јазик.
XS
SM
MD
LG