Книгата „Должност: мемоари на еден секретар за војна“, треба да излезе идната недела, но делови од неа веќе се објавени во медиумите. Екс шефот на Пентагон Роберт Гејтс го опишува американскиот претседател Барак Обама како „човек со личен интегритет“ кој имал право во неговите одлуки во врска со Авганистан.
Но, Гејтс додава дека Обама имал посебен став спрема војните што ги наследил од претходната администрација. Републиканецот Гејтс беше секретар за одбрана четири ипол години и во време на претседавањето на Барак Обама, но и во време на неговиот претходник Џорџ Буш.
Тој пишува дека Буш бил фокусиран врз Ирак на сметка на Авганистан, а целите на републиканскиот претседател ги опишува како „засрамувачки и историски наивни амбиции“ со оглед на ресурсите одвоени за тоа.
Обама во 2009 година одобри стратегија за распоредување на дополнителни 30 илјади војници во Авганистан и го именува генерал Дејвид Питреус за командант на американските и на НАТО силите во таа земја. Потсетувајќи се на состанокот во март 2011 година во Белата куќа, Гејтс пишува:
„Како што седнав си помислив. Претседателот нема доверба во неговиот командант, не може да го поднесе авганистанскиот претседател Карзаи, не верува во неговата сопствена стратегија и не смета дека војната е негова. Тој само сака да излезе од неа.“
Гејтс додава дека Обама не им верувал многу во опциите што му ги обезбедувала војската, при што Белата куќа постојано се мешала во работите на Пентагон иако цивилните помошници не се разбирале во воените операции.
Како и да е, Гејтс го фали Обама за одобрувањето на акцијата во 2011 година во засолништето на Осама бин Ладен во Пакистан кога бил убиен лидерот на Ал Каеда.
„Тоа беше една од најхрабрите одлуки што некогаш сум ги видел во Белата куќа“, пишува Гејтс кој пак за потпретседателот Џо Бајден оценува:
„Тој згреши за скоро секое поголемо прашање од надворешната политика и од националната безбедност во изминативе четири децении“.
Реагирајќи на коментарите во книгата на Гејтс, Советот за национална бездност на Белата куќа соопшти дека добро е познато оти претседателот Обама бил „посветен на остварување на мисијата за да се попречи, растури и победи Ал Каеда“.
Притоа се потенцира дека Обама има јасен план за Авганистан, односно за повлекување на меѓународните сили до крајот на годинава. Во тоа, Обама се потпира врз секојдневните добри совети на Бајден кој го смета за еден од водечките државници на неговото време.

Претседателот нема доверба во неговиот командант, не може да го поднесе авганистанскиот претседател Карзаи, не верува во неговата сопствена стратегија и не смета дека војната е негова.