Достапни линкови

Ракометарите со проблеми и надежи на ЕП


На ЕП во Данска Македонија треба да го брани историското петто место, освоено на претходното Еуро во Србија. Тоа ќе биде многу тешко и поради силната конкуренција, но и поради повредите на неколкумина ракометари.

Со многу проблеми, но не и откажување од примарната цел - пласман меѓу 12-те најдобри, македонската ракометна репрезентација го очекува неделниот старт на ЕП во Данска (од 12-ти до 26-ти јануари).
И сега сум подеднакво оптимист, само што сега ситуацијата е посложена. Наша основна цел е да се пласираме во вториот круг.
Ивица Обрван, селектор.

Таму треба да го браниме историското петто место, освоено на претходното Еуро во Србија, што ќе биде многу тешко и поради силната конкуренција, но и поради тоа што ќе настапиме без повредените Наумче Мојсовски и Филип Лазаров, а со повреда се мачи и Дејан Пецаковски. Покрај ова, проблеми ни создаде и Европската ракометна федерација, која не му даде дозвола за настап на натурализираниот Ренато
Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.
Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.
Вугринец, а исто така натурализираниот Немања Прибак ќе може да игра дури во вториот круг на шампионатот.

Ваквиот неповолен сплет на настани навестува големи искушенија за нашиот национален тим, чиј селектор - Ивица Обрван, сепак, верува дека ќе ја минеме првата рунда, односно дека ќе го освоиме најмалку третото место во групата во Хернинг, каде ќе
Ќе дадеме се од нас, на секој натпревар ќе одиме на победа, така и на овој. И ќе ја бараме шансата на тие два натпревари со Чешка и со Австрија.
Дејан Манасков, ракометар.
ги одмериме силите со Чешка, Австрија и со европскиот шампион Данска.

„И сега сум подеднакво оптимист, само што сега ситуацијата е посложена. Наша основна цел е да се пласираме во вториот круг. Без Мојсовски и Лазаров работата ќе биде потешка, но на мене, на стручниот штаб и на сите играчи останува да го надоместиме нивното отсуство и да ја исполниме таа прва цел. Ќе биде тешко, но јас сум оптимист и мислам дека ние можеме да го
Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.
Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.
оствариме тој успех, без оглед на проблемите што не снајдоа“, изјави Обрван.

Слично размислуваат и ракометарите. И тие, во моментов не сакаат да се оптоваруваат со конечниот пласман и сите мисли ги насочуваат кон дуелите од првата групна фаза. А, во неа, според крилото Дејан Манасков имаме квалитет за барем две победи и пренесување на исто толку бодови
Се надеваме дека ќе бидат и подобри него што беа. Само ако има слога меѓу нив. Само тоа е проблемот.
Коментар на читател.
во наредната рунда.

„Би ја издвоил Данска тука како фаворит. Тоа ни е воедно и прв натпревар во групата, на кој нема да се предадеме. Ќе дадеме се од нас, на секој натпревар ќе одиме на победа, така и на овој. И ќе ја бараме шансата на тие два натпревари со Чешка и со Австрија. Мислам дека сме со квалитет тука некаде и дека со добра игра и пожртвуваност можеме да победиме и на двата натпревари“, рече Манасков.

Минување на првата рунда е минимумот на кој се надеваат и љубителите на спортот. Но, вообичаено, меѓу нив има и такви кои веруваат дека Кире Лазаров и другарите можат да го повторат, па и да го надминат подвигот од пред две години.

„Се ослабени со отсуството на Мојсовски, но се надевам дека ќе успеат да влезат во вториот круг. После, можеби седмо - осмо место ќе бидеме.“

„Очекувам меѓу првите 10 да бидеме. Тука ни е местото.“

„Јас се надевам дека пак ќе се бориме за четврто - петто место. Само Данска да ја победиме, после ќе биде полесно.“

„Се надеваме дека ќе бидат и подобри него што беа. Само ако има слога меѓу нив. Само тоа е проблемот.“

„Можеби не прво, ама до трето место би требало да очекуваме“, изјавија анкетираните граѓани.

На собирот на најдобрите на Стариот континент, во првото коло, на 12-ти јануари, Македонија ќе се сретне со Данска. Два дена подоцна (14-ти јануари) ќе ги одмериме силите со Чешка, а настапот во групата А, ќе го завршиме на 14-ти јануари во пресметката со Австрија. Доколку ја минеме првата рунда на овој трет наш настап на едно машко ракометно ЕП (по Италија во 1998-ма и Србија во 2012-та година), повторно во градот Хернинг ќе одиграме уште најмалку три средби и тоа со репрезентациите што ќе ги освојат првите три позиции во групата Б, каде што покрај светскиот првак Шпанија, се и националните тимови на Исланд, Унгарија и на Норвешка.

Освојувачите на првите две места во двете новоформирани групи потоа ќе играат во полуфиналето и во средбите за медал, а третопласираните селекции ќе се борат за петтото место на шампионатот.
XS
SM
MD
LG