Достапни линкови

Милиони луѓе ја дочекаа 2014


Во Њујорк, стотици илјадници луѓе се собраа на Тајмс Сквер.
Во Њујорк, стотици илјадници луѓе се собраа на Тајмс Сквер.

Први новата година ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а најдоцна на планетава жителите на западниот брег на САД и Алјаска.

Милиони луѓе од целиот свет и посакаа добредојде на Новата Година. Во Њујорк, стотици илјадници луѓе се собраа на Тајмс Сквер да проследат како познатата кристална топка паѓа на полноќ. На другата страна на Атлантикот, Лондон ја дочека Новата Година со мешавина на футуристички огномет и конфети кои можеа да се јадат.
Во Ватикан, папата Френсис во својата молитва ги повикуваат луѓето да се запрашаат дали во 2013 си помогнале на себе или на другите.

Повеќе од 260 луѓе беа повредени од петарди и славенички истрели во Филипините. Во Дубаи, организаторите се обидуваат да постават рекордот за најголем огномет, а во Украина, пак, анти-владините демонстранти во Киев сакаат да постават свој рекорд, односно што повеќе луѓе да ја пеат националната
химна во исто време.

Во Ватикан, папата Френсис во својата молитва ги повикуваат луѓето да се запрашаат дали во 2013 си помогнале на себе или на другите.

Први новата година ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а најдоцна на планетава жителите на западниот брег на САД и Алјаска.

Но, не сите синоќа го прославија почетокот на 2014 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.

Така во 2014. Евреите ја слават 5775, Кинезите 4712, Индусите 2071, а Муслиманите 1436 Нова година.
XS
SM
MD
LG