Достапни линкови

Чекајќи ја ЕУ, меѓу надежта и разочарувањето


 Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, 2009.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, 2009.

И покрај разочарувањата граѓаните не се рамнодушни кон европската иднина, велат социолоците.

Голем е процентот на граѓаните кои на прашањето дали на декемврискиот самит Македонија ќе добие датум за преговори, поставено на нашата веб-страница одговориле дека тоа нема да се случи. Повеќе од 88 проценти одговориле „не“, а само 9 насто сметаат дека земјава ќе добие датум за преговори.
Вината ја лоцирам во ЕУ, затоа што мислам дека сепак правиме напори и како држава и како народ.
Анкетиран граѓанин.

Скоро идентично е мислењето на луѓето кои ги анкетиравме низ скопските улици. Но, ставовите се поделени околу тоа кој е виновен за ваквиот епилог. Има такви кои сметаат дека виновна е Европската унија и, како што велат, нејзините двојни аршини.

„Сепак вината ја лоцирам во ЕУ, затоа што мислам дека сепак правиме напори и како држава и како народ, со многу одрекувања, но за жал не сме големи играчи за да може ЕУ да не види како партнер.“

„Виновна е Европската унија, затоа што тие ни ја кројат судбината.“

Гледам дека нема иницијатива за многу работи, ние чекаме некој да ни каже однадвор, а тие работи ги знаеме.
Анкетиран граѓанин.
А некои виновникот за недобивањето датум за преговори го лоцираат кај власта и надлежните институции.

„Надлежните многу нормално, кој друг.“

„Гледам дека нема иницијатива за многу работи, ние чекаме некој да ни каже однадвор, а тие работи ги знаеме.“

Помеѓу овие две страни има и такви граѓани кои велат дека воопшто не се заинтересирани за тоа дали Македонија ќе добие или нема да добие датум за преговори.

„Мене ништо не ми е важно од тоа, важно е прво луѓето да имаат пари за да јадат и пијат, па потоа друго.“
Почнавме да го доживуваме тоа како приказната „Чекајќи го Годо“, мало разочарување, но сепак сите сакаат приказната да заврши онака како што сите очекуваме, односно со влез во ЕУ.
Ѓорги Тоновски, универзитетски професор.

„Никој не е одговорен, кој е одговорен, си знаат само тие таму што прават.“

„Не сум преокупирана со тоа, не размислувам на такви теми моментално.“

„Далеку сме мислам, реалноста е таа.“

Но и покрај ваквите одговори, граѓаните не се рамнодушни кон европската иднина на Македонија, велат социолозите. Универзитетскиот професор Ѓорги Тоновски вели дека и покрај недобивањето датум за преговори кај граѓаните не препознава гнев насочен кон Унијата или кон власта. Луѓето вели тој се само разочарани, но тоа не се одразува на општата стратегија за европска интеграција.

„Гледам разочарување, но исто така останува и големата топка на надежта која не се топи, не е тоа снег што се топи.“

Тоновски вели дека чувството на немоќ кај граѓаните е најсилно сега, кога е извесно претседавањето на Грција со Унијата. Додава дека тоа што на луѓето им здосади „европската“ приказна на Македонија, не значи дека таа не треба да заврши.

„Почнавме да го доживуваме тоа како приказната „Чекајќи го Годо“, мало разочарување, но сепак сите сакаат приказната да заврши онака како што сите очекуваме, односно со влез во ЕУ“, изјави Тоновски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG