Достапни линкови

Путин си одбра свој Гебелс


Дмитри Кисељов, шеф на новинската агенција „Русија денес“.
Дмитри Кисељов, шеф на новинската агенција „Русија денес“.

Кој е човекот што рускиот претседател Владимир Путин го наименува за шеф на новата огромна новинска агенција „Русија денес“? Дмитри Кисељов е многу работи: своеволен, контроверзен, провладин. Но, една работа не е, велат неговите критичари, Кисељов не е новинар.

Популарна видео снимка кружи на Јутјуб која покажува како еден новинар може да се смени во путиновата Русија. Во 1999 година, кога Путин доаѓаше на власт, Дмитри Кисељов беше ветувачки телевизиски новинар со силни ставови за разликата меѓу новинарството и пропагандата.

„Новинар не може да се одвои од неговата етика. Но, луѓето кои се појавуваат на телевизија, често не можете да ги наречете новинари. Тие многу често се само агитатори.“

Четиринаесет години потоа, Владимир Путин се устоличи во Кремљ, а новиот претседателски медиумски пион Кисељов сега многу помалку звучи како новинар, а многу повеќе како агитатор.

„На хомосексуалците треба да им се забрани да донираат крв или сперма. А нивните срца, во случај да загинат во автомобилска несреќа, треба да бидат закопани или запалени, бидејќи на никој не можат му го продолжат животот.“
Тоа е крајно неефикасна одлука. Би рекол и глупава, бидејќи стилот на пропагандата карактеристичен за Кисељов всушност е отворено лажење на јавноста.

Педесет и деветгодишниот Кисељов деновиве беше избран за директор на новата огромна медиумска куќа „Русија денес“ како замена за најголемата државна новинска агенција РИА новости.

Со претседателски декрет Путин ја распушти 110 милиони долари вредната РИА со образложение дека станува збор за штедење.

Колку познавачите беа изненадени од ваквиот потег, толку беа згрозени со назначувањето на Кисељов, човекот кој во својата програма „Вести на неделата“ ги промовира најконтроверзните политики на Кремљ.

Неговото унапредување следуваше само еден ден откако тој ги анализираше антивладините протести на плоштадот Маидан во Киев.

„Што е Маидан? Мала точка на телото на Украина. Ако користите исправна политичка технологија и ја прикажате на телевизија и на интернет ќе направите впечаток дека целата држава е таква и тоа може да се покаже за кобно.“

Одлуката за поставувањето на Кисељов е драматична, ако се има предвид дека е донесена не само во време кога Москва се бори со побунетата Украина, туку се обидува да го зголеми своето влијание пред почетокот на Олимписките игри во Сочи во февруари догодина.

„Тоа е крајно неефикасна одлука. Би рекол и глупава, бидејќи стилот на пропагандата карактеристичен за Кисељов всушност е отворено лажење на јавноста. Се што вели за Маидан и за руската опозиција е лага. А тоа е можно само ако имате цензура и ситуација во која некој има монопол над информациите“, вели поранешниот претседател на Сојузот на руските новинари Игор Јаковенко, додавајќи дека новата медиумска куќа под Дмитри Кисељов, драматично ќе се трансформира во агенција од Гебелсов тип, референца која доаѓа од Јозеф Гебелс, озлогласениот пропагатор од времето на нацистичка Германија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG