Госпоѓо Поплавска, дали проектот „Откриваме, градиме, заедно сме“, ја оствари првичната замисла?
За мое изненадување, оствари и малку повеќе од тоа што очекував, односно да бидам поточна, не очекував дека младите со толкава жештина и со токава верба во она што го работат ќе успеат да се развијат до тоа ниво да можат да направат претстава којашто ќе ја играат повеќе пати и исто така да се развијат нивните способности за кратки филмови.
Каква беше соработката меѓу учениците, имавте ученици од најразлични етнички групи?
По она што го изработивме досега, морам да признам дека не е лесно да се скршат предрасудите што децата, за жал, ги имаат и растат со нив, кога е во прашање етничкото потекло, така што ние полека неколку месеци веќе работиме, проектот започна во април, сега сме ноември и полека, полека се отвораме едни спрема други. Кога велам едни спрема други, мислам на децата и на нивното отворање и гледање на нивна идна заедничка соработка.
Имаше ли несогласувања и некакви предрасуди меѓу учениците?
Немаше никакви, апсолутно, затоа што децата се просто желни да се запознаат. Она што го имаше е таа стигматизација и тој срам, од можеби неговорење на македонскиот јазикот или од обратната страна незнаењето на албанскиот јазик, кога да речеме две деца од албанска националност комуницираат меѓу себе, па Македонците не разбираат, во таа смисла имавме мали кочници на самиот почеток. Како врвеше времето децата се ослободија од тоа, затоа што тука говори еден друг јазик, а тоа е јазикот на уметноста и ирелевантно станува на кој јазик ние говориме. А мене ми е најдраго што нашиот проект е врзан токму со младите, оти сметам дека младите допрва треба да се ослободуваат од предрасудите, а како ќе се ослободат од предрасудите, ако не им се понуди да учат заедно, заедно да работат, односно творат или градат свои идни идеи. Токму затоа сметаме дека токму работата заедно може да ги скрши овие предрасуди, кои за жал, гледаме дека и деновиве има разни инциденти кај средношколците, што е како да ви кажам, како некоја друга слика која ние не ја запознавме во текот на работата во овие 7-8 месеци. Немавме ниеден момент на никаков инцидент, ниту пак некаква кавга меѓу самите ученици.
Колку самиот проект помогна во елиминирање на етничките бариери меѓу учениците? Дали уметноста и креативниот пристап може да ги урнат стереотипите?
Некој ќе каже дека тоа е утопија, меѓутоа јас не мислам дека е утопија да се верува дека сите сме исти, земајќи предвид дека се работи за човек, а секој човек е ист и тоа децата го чувствуваат длабоко во себе. Она што се наметнатите предрасуди и стравови во кои растат децата или пак можеби сметаат дека децата од другата страна или од оваа страна не се исти, значи тие заблуди и тие предрасуди замираат во овој момент кога ќе почне да се твори. И да навистина уметноста е ми се чини една од ретките алатки, можеби и спортот, каде што кога ќе застанете на сцена вие не ни знаете како се викате, а камо ли од каде потекнувате. Сите деца коишто работат, дали на кратките филмови или на оваа претстава, во текот на времето тие се запознаваат и почнуваат да функционираат како едно семејство. И апсолутно тука нема место за мислење од типот, од кај сум? Што сум? Меѓутоа мора да ја спроведуваме заедно таа порака за да ние имаме вистински бенефит и вистинско остварување на целта на нашиот проект. Значи не сме доволни само ние како креативна организација, невладина организација, туку мислам дека мора да се вклучи и образовниот систем и за да можеме да ги отвораме на поинаков начин работите. На децата ќе им остане како некакво знаење, како некаков паметење од ова што го поминавме заедно кадешто во ниеден момент не беше доведено во прашање националното потекло. Тој момент се заборава во момент на креација.