Авионска несреќа во Русија
Во вчерашното урнивање на авионот Боинг 737 во Казан загинаа сите 50 патници и членови на екипажот. Несреќата се случила откако во вториот обид на авионот да слета, удрил во земјата и се запалил. Меѓу жртвите, се наоѓа и синот на претседателот на Татарстан Ирек Миниханов и висок безбедносен републички функционер Александр Антонов како и сопругата на познатиот руски спортски коментатор Роман Скворцов.