Општина Центар сè уште не може да го преземе управувањето со нејзиното земјиште. Причината е во Советниците на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаат, бидејќи како што изјави градоначалникот на општината Андреј Жерновски ги застапуваат интересите на владејачката партија. Според Жерновски, јасно е дека целта на владата е да може што сака да прави со Скопје 2014 и кому сака да му продаде земјиште во општината.
Центар е единствената општина од скопските, која што го нема преземено управувањето со земјиште и, иако точката беше ставена на дневен ред, поради апсењето на Мирослав Шиповиќ одлуката не може да се донесе.
Професор Гордана Силјановска вели дека ако на сите скопски општини им е дозволено да управуваат со земјиштето, тогаш нема причина зошто Општината Центар да биде исклучок. Според неа, сите советници треба да ги бранат интересите на граѓаните и на општината. Но, Центар е пример како поради соодносот на силите во Советот, како што вели Силјановска, не можат да се донесат клучни одлуки за кои треба да има согласност и покрај партиската припадност.
„Чудно, сите општини во Скопје да бидат заинтересирани управувањето со градежното земјиште да биде во нивна надлежност, освен Општина Центар. Значи, следното прашање согласно ова е, тогаш кого претставувале советниците во Општина Центар, дали граѓаните, оти во интерес на општината е да управува со градежното земјиште на сопствената територија. Тоа што Центар е исклучок, создава многу дилеми“, вели Силјановска.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу причината за таквата ситуација ја гледа во спроведувањето на проектот Скопје 2014 и вели дека локалните власти треба да смогнат сили и да ги остават партиските интереси настрана и да работат за доброто на граѓаните во Општина Центар.
„Верувам дека дел од причините се Скопје 2014, но најголемата причина е недостатокот на политичка култура и спремност за компромис кај нашите политички елити. Мислам дека е крајно време тој судир на интереси кој се прелева во работата на локалната самоуправа во Општина Центар да се надмине и секако да почнат да стануваат попродуктивни. Менаџирањето со земјиштето е нешто што станува стандардна појава за сите општини, така што е апсурдно да не може Општина Центар да го менаџира земјиштето, кога можат и некои рурални општини“, вели Муслиу.
Ескпертите порачуваат дека е време советниците во општините да престанат да бидат продолжена рака на власта, бидејќи за нив гласале граѓаните на избори.
Чудно, сите општини во Скопје да бидат заинтересирани управувањето со градежното земјиште да биде во нивна надлежност, освен Општина Центар.Гордана Силјановска, универзитетски професор.
Центар е единствената општина од скопските, која што го нема преземено управувањето со земјиште и, иако точката беше ставена на дневен ред, поради апсењето на Мирослав Шиповиќ одлуката не може да се донесе.
Професор Гордана Силјановска вели дека ако на сите скопски општини им е дозволено да управуваат со земјиштето, тогаш нема причина зошто Општината Центар да биде исклучок. Според неа, сите советници треба да ги бранат интересите на граѓаните и на општината. Но, Центар е пример како поради соодносот на силите во Советот, како што вели Силјановска, не можат да се донесат клучни одлуки за кои треба да има согласност и покрај партиската припадност.
Верувам дека дел од причините се Скопје 2014, но најголемата причина е недостатокот на политичка култура и спремност за компромис кај нашите политички елити.Алберт Муслиу, политички аналитичар.