Се сеќавам дека надвор температурата беше минус 11 степени и немаше греење во куќата, се потсетува актуелниот потпретседател на српската влада Расим Љајиќ кој ја посети Јованка Броз во зимата 2005 година, додавајќи:
„Беше неподносливо. Јованка ги имаше облечено на себе сите нејзини зимски алишта.“
Токму Љајиќ е најзаслужниот што по три децении во јули 2009 година нејзе и беа вратени личната карта и пасошот. Јованка беше со поранешниот југословенски лидер во брак од 1952 година, но пред неговата смрт во 1980 година беше „отстранета“ од неговиот живот.
Со „заминувањето“ на Тито, таа беше во своевиден домашен притвор со државна пензија и во државна вила на Дедиње кај Белград. Така беше и по распадот на Југославија.
Тоа, како и претходното нејзино изолирање од Тито остава многу отворени прашања, не само за политиката во тогашна Југославија, туку и за одговорните за нечовечките услови во кои Јованка ги мина последните три децении од животот.
Некогашниот шеф на југословенската дипломатија Будимир Лончар за Радио Слободна Европа изјави:
„Таа веројатно имала некои слабости. Колку што слушнав, била малку опсесивна и преокупирана со тоа кои му се потенцијални непријатели на Тито. Таа дошла да таму да се закани „или јас или тие“. Тоа од нејзина страна не било правилно. Но, изгледа имала добро претчувство, бидејќи се работело за Љубичиќ и Доланц, кои всушност почнаа да манипулраат со Тито. Таа имаше добар инстикт, но не и добра и оправдана постапка“, вели Лончар.
Токму Стане Доланц кој беше висок функционер во последниот период од животот на Тито, и генералот Никола Љубичиќ и самата Јованка ги посочуваше за најодговорни за нејзината несреќа.
За многумина аналитичари, таа воопшто не заслужи да биде така третирана. За разлика од сивите и безлични комунистички лидери од тогашниот советски блок, Тито и Јованка беа со своевиден гламур на сите нивни патишта и среќавања со лидери во светот, но и дома, земја која беше позната по прокламираното „братство и единство“ и блоковска незврзаност.
„Нејзината смрт го одбележува крајот на нејзината лична приказна и драма. Секако дека се затвора една историска страница. Но, таа со време повторно ќе биде отворана од разни истражувачи, бидејќи остана нејасно како Јованка исчезна од сцената уште за времето на Тито и зошто имаше таков третман до крајот на нејзиниот живот“, вели претседателката на Хелсиншкиот комитет во Србија Соња Бисерко.
Во едно од последните интервјуа, Јованка Броз изјави дека Тито воопшто не бил одговорен за нејзиното отстранување.
„Тито ме сакаше до крајот на животот“, рече Јованка која се запозна со триесетина години постариот Тито уште како партизанка за време на Втората светска војна. Тито и Јованка немаа деца.
„Беше неподносливо. Јованка ги имаше облечено на себе сите нејзини зимски алишта.“
Таа веројатно имала некои слабости. Колку што слушнав, била малку опсесивна и преокупирана со тоа кои му се потенцијални непријатели на Тито. Таа дошла да таму да се закани „или јас или тие“.Будимир Лончар, некогашен шеф на југословенската дипломатија.