Малала се сретна со кралицата Елизабета
Пакистанската активистка за едукација на девојчињата, Малала Јусуфзаи, денеска во Бакингемската палата во Лондон, беше примена од кралицата Елизабета. 16-годишната Малала и изјавила на кралицата дека сака да продолжи со својата мисија секаде низ светот. Малала беше застрелана од талибанец поради нејзините ставови, но преживеа, а талибанците се заканија дека повторно ќе се обидат да ја убијат.