Роберт Јанев од Кавадарци деновиве на периферните улици на Тетово од своето комби возило продава гајби со грозје. Тој и неколкумина други лозари од Тиквешијата со години вака се одлучуваат да го продаваат грозјето, за да не го носат на откуп во винарските визби, кои пак исплатата ја вршат после долг период.
„Пласманот е многу тежок кај нас во Тиквешијата и затоа се одлучивме на овој чекор. Затоа што луѓе немаат земено пари за грозјето пет па и назад години. Сè се отвораат некои приватни визби што не ги познаваме, дај го грозјето-нема пари. Утре, друг ден, утре друг ден...парите ги нема по три години ги нема парите. Затоа се одлучивме на овој чекор да го пласираме грозјето во Тетово“, вели лозарот Роберт Јанев.
Тој и лозарите велат дека можеби повеќе се мачат на овој начин, но барем парите од продажбата веднаш ги добиваат. Сега претежно го собираат и нудат винското грозје. Откако ќе го соберат, два-три дена престојуваат во Тетово. Спијат во кабините на камионите, а преку цел ден го нудат грозјето за продажба.
„Повеќе пати доаѓаме во Тетово. На два-три дена, па пак да собереме таму, грозјето, да се собере, пак два-три дена. И така додека има побарувачка доаѓаме во Тетово. Времето некогаш врнежливо. Мора во камионите или јас во комбето, носиме со нас и зимска опрема, од ќебе и други работи“, објаснува Роберт Јанев.
Грозјето го купуваат тетовци кои самите си прават вино за домашни потреби.
„Малце и тука тешко се движи. Немаштијата си го прави своето, ама се справуваме некако со луѓето. Грозјето е винско. Носиме и асталско, ама тоа е мал дел, од асталските сорти. Носиме претежно вранец, кратошија или бело смедеревка. Има и други сорти, ама претежно овие сорти ги носиме тука. Пазарот така налага, така носиме ние“, додава Роберт Јанев.
Бербата и продажбата на винското грозје започнува во септември и трае до крајот на октомври.
Пласманот е многу тежок кај нас во Тиквешијата и затоа се одлучивме на овој чекор. Затоа што луѓе немаат земено пари за грозјето пет па и назад години. Сè се отвораат некои приватни визби што не ги познаваме, дај го грозјето-нема пари.Роберт Јанев, лозар.