Влатко Стефановски, композиторката Дарија Андовска, Тони Китановски со својот квартет, ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ кој ќе учествува на групната изложба „Балкан“ и Бујар Љума од Центарот за балканска соработка се македонските учесници на претстојниот 11. швајцарски фестивал „Културни предели“, што ќе се одржи од 19 октомври до 6 декември, и кој овојпат наместо на една земја како досега е посветен на регионов и неговите културни комуникации и различности.
Стефановски заедно со своите стари собеседници, српскиот гитарист Мирослав Тадиќ и бугарскиот виртуоз на кавал Теодосиј Спасов, ќе одржат акустичен концерт во црквата Св. Петар во Цирих и тоа ќе биде нивен прв настап по најавениот спектакл со Македонската филхармонија во рамките на 32. Скопски џез фестивал.
„Секоја вечер се обидувам да бидам подобар од претходната. Јас борбата што ја водам ја водам со самиот себе. И ако сум во добра форма и ако имам добар настап, добар концерт, покрај мојата лична сатисфакција и задоволство, сигурен сум дека на најдобар можен начин ја претставувам и мојата земја. Мислам дека имаме со што да се пофалиме пред светот. Ние сме мала земја, ама имаме многу уметници, многу квалитетни луѓе со кои можеме да ги браниме боите на нашата татковина на најдобар можен начин“, ќе забележи Стефановски.
Од друга страна, композиторката Дарија Андовска на „Културни предели“ ќе го претстави своето ново дело „Апорија апоирон“ што ќе го изведе 12-член мешан хор и кое таа го работеше во рамките на проектот „Music master in the air“ што е дел од европска програма за култура која опфаќа десетина фестивали и над 30 радиостаници.
„Фестивалите кои што се учесници во програмата бираат шест млади актуелни композитори од Европа и од нив прават нарачка за да потоа сите тие композиции се изведуваат на фестивалите кои се учесници во проектот. Во случајов, бидејќи „Културни предели“ се дел од таа, а во неговиот фокус е Балканот, тие ме одбраа мене да бидам нивен претставник во рамките на програмата „Musma“, вели Андовска.
Тони Китановски, кој, пак, досега учествуваше и на македонските културни претставувања во Нормандија и во Виена, овојпат во џез клубот „Брд ај“ во Базел ќе музицира во формација на квартет. Него во случајов ќе го придружуваат тројца врвни интернационални инструменталисти - Оскар Салас, кубанско-американскиот перкусионист кој две години живее и работи во Скопје, и, како што вели, „уште двајца Македонци по убедување“ - пијанистот Васил Хаџиманов и грчкиот басист Костас Теодору, кој по прв пат ќе настапи под своето крстено име – Дине Донев.
„Верувам и убедена сум дека нашите уметници ќе го испровоцираат вниманието на швајцарската публика и дека ова претставување ќе биде уште еден успех за македонската култура“, ќе рече во пресрет на фестивалот министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Таа дополнува дека учеството на оваа манифестацијата е силен импулс и одлична можност за интензивирање и проширување на културната соработка со Швајцарија, која, пак, со 12 творци беше земјата во фокусот на штотуку завршената „Недела на дизајн“ во Скопје.
Стефано Лазарото, амбасадорот на Швајцарија во Македонија, од своја страна ќе забележи дека годинашниот „Културни предели“ обединува творци од повеќе балкански земји и разновидни уметности како музика, театар, балет, литература и ликовно творештво. Во негови рамки ќе се одржат и повеќе дебати и работилници, а целта на настанот, на кој ќе има и гости-учесници од земјата домаќин е да се промовираат културите и разбирањето меѓу земјите од регионов и од Стариот континент.
„Македонија е меѓу осумте балкански земји како Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово кои ќе учествуваат на фестивалот. Тој ќе има 342 настани и буџет од 1,8 милиони швајцарски франци. Оваа размена е двонасочна и секоја земја се претставува со својата култура, а швајцарската публика ќе има убава можност да ја види разновидноста од овој регион. Конечно, фестивалот е уникатна можност Република Македонија да ја презентира својата богата културна понуда“, рече Лазарото.
Секоја вечер се обидувам да бидам подобар од претходната. Јас борбата што ја водам ја водам со самиот себе. И ако сум во добра форма и ако имам добар настап, добар концерт, покрај мојата лична сатисфакција и задоволство, сигурен сум дека на најдобар можен начин ја претставувам и мојата земја. Мислам дека имаме со што да се пофалиме пред светот. Ние сме мала земја, ама имаме многу уметници, многу квалитетни луѓе со кои можеме да ги браниме боите на нашата татковина на најдобар можен начин.Влатко Стефановски, музичар.
Стефановски заедно со своите стари собеседници, српскиот гитарист Мирослав Тадиќ и бугарскиот виртуоз на кавал Теодосиј Спасов, ќе одржат акустичен концерт во црквата Св. Петар во Цирих и тоа ќе биде нивен прв настап по најавениот спектакл со Македонската филхармонија во рамките на 32. Скопски џез фестивал.
„Секоја вечер се обидувам да бидам подобар од претходната. Јас борбата што ја водам ја водам со самиот себе. И ако сум во добра форма и ако имам добар настап, добар концерт, покрај мојата лична сатисфакција и задоволство, сигурен сум дека на најдобар можен начин ја претставувам и мојата земја. Мислам дека имаме со што да се пофалиме пред светот. Ние сме мала земја, ама имаме многу уметници, многу квалитетни луѓе со кои можеме да ги браниме боите на нашата татковина на најдобар можен начин“, ќе забележи Стефановски.
Фестивалите кои што се учесници во програмата бираат шест млади актуелни композитори од Европа и од нив прават нарачка за да потоа сите тие композиции се изведуваат на фестивалите кои се учесници во проектот. Во случајов, бидејќи „Културни предели“ се дел од таа, а во неговиот фокус е Балканот, тие ме одбраа мене да бидам нивен претставник во рамките на програмата „Musma“.Дарија Андовска, композиторка.