Слабото кредитирање на стопанството во Македонија е по одлука на комерцијалните банки, велат упатените. Стопанствениците посочуваат дека ако приватниот сектор добие повеќе пари во форма на кредити, ќе дојде до дополнително зголемување на бруто домашниот производ.
Гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека факт е дека во последниве година дена банките се повеќе насочени кон кредитирање на населението, а помалу кредити се даваат за стопанството.
„Основната причина за тоа ја гледаме во поголемиот ризик кај фирмите, бидејќи лошите кредити кај претпријатијата растат во последните две години, додека кај населението тие стагнираат или дури се намалуваат“, вели Богов.
Се поставува прашањето чија е одговорноста за состојбите во врска со малото кредитирање на стопанството? Одговорноста е кај банките, одговара универзитетскиот професор и поранешен гувернер Љубе Трпески.
„Народната банка нема ингеренции тука, Народната банка се грижи за ценовната стабилност во земјата и за финансиската стабилност и таа успешно ја извршува таа задача, а деловната политика на банките, каде ќе ги пласираат средствата и по која камата е исклучиво во доменот на самите органи на банките“, вели Трпески.
Владата законски не смее да се меша во работата на централната банка, а државата, според Богов, помалку се задолжува на домашниот пазар годинава. Ако власта помалку го истиснува приватниот сектор со домашно задолжување, тогаш зошто нема свежи пари за стопанството? За разлика од развиените пазарни економии, каде има повеќе извори на финансии за стопанството, кај нас 90 отсто од кредитите доаѓаат од комерцијалните банки, објаснува Трпевски.
„Поради тоа банките се наоѓаат во една олигополска положба и се комотни, бидејќи побарувачката за кредити секогаш е поголема од понудата“, вели Трпески.
Стопанството се опоравува и банките веќе немаат многу причини за конзервативно кредитирање, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
„Затоа што стопанството во Македонија тргна во нагорна линија и има голем недостаток од финансиски средства. Така што, доколку банките во Македонија почнат полиберално да ги кредитираат фирмите, порастот на бруто националниот доход ќе биде позначителен од делот кој зависи од реалниот сектор“, вели Чекреџи.
Основната причина за тоа ја гледаме во поголемиот ризик кај фирмите, бидејќи лошите кредити кај претпријатијата растат во последните две години, додека кај населението тие стагнираат или дури се намалуваат.Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија.
Гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека факт е дека во последниве година дена банките се повеќе насочени кон кредитирање на населението, а помалу кредити се даваат за стопанството.
„Основната причина за тоа ја гледаме во поголемиот ризик кај фирмите, бидејќи лошите кредити кај претпријатијата растат во последните две години, додека кај населението тие стагнираат или дури се намалуваат“, вели Богов.
Се поставува прашањето чија е одговорноста за состојбите во врска со малото кредитирање на стопанството? Одговорноста е кај банките, одговара универзитетскиот професор и поранешен гувернер Љубе Трпески.
Народната банка нема ингеренции тука, Народната банка се грижи за ценовната стабилност во земјата и за финансиската стабилност и таа успешно ја извршува таа задача, а деловната политика на банките, каде ќе ги пласираат средствата и по која камата е исклучиво во доменот на самите органи на банките.Љубе Трпески, универзитетски професор и поранешен гувернер на НБРМ.