Жерновски - Во Македонија владее тоталитарен режим
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски попладнево изјави дека во центарот на Скопје има полициски час, откако под силно полициско обезбедување изутрината почна изградбата на административна зграда во паркот кај хотелот Бристол. Полицијата ноќеска приведе 11 активисти на граѓанската иницијатива Паркобрани во паркот пред Бристол. По пет часа поминати во полициска станица, тие биле пуштени со прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир. Жерновски обвини дека апсењето на активистите со, како што рече, 200 специјалци е одлика на тоталитарен режим.