„Остен“, како препознатлив бренд во уметноста, еманципираната мисла и слободното творештво, во соработка Артфактс.нет од Берлин – една од најголемите бази со податоци и анализи за водечките интернационални творци, ја промовира идејата за изработка и развивање на онлајн-платформа која треба да биде првата глобална заедница за уметност која што ќе ги позиционира македонските уметници и ќе треба да го овозможи меѓусебното поврзување на сите субјекти во уметноста кај нас и во светот.
Корнелија Коневска, извршната директорка на „Остен“, вели дека оваа идеја е разработувана подолго време и дека нејзината крајна цел е вклучување во модерните текови на поврзување на креаторите на уметност и нејзините конзументи.
„Знаеме дека веќе не е работа на избор дали сакаш или не сакаш да бидеш на интернет. Процесите во глобалниот свет едноставно го наложуваат тоа и ние решивме што поскоро да фатиме чекор со нив. За таа цел направивме проект, ги избравме нашите партнери за изработка на софтвер - компанијата „Форвард“ од Македонија и ги поканивме Артфактс.нет да соработуваме на проектот зашто има допирни точки меѓу нивната работа и она што ние планираме да го направиме. Оваа платформата ќе претставува можност за онлајн-интеракција помеѓу создавачите на уметност и помеѓу конзументите на уметност“, вели Коневска.
Таа појаснува дека уметниците кои ќе бидат застапени во платформата ќе бидат поделени на неколку нивоа – од ентузијасти, преку професионалци и сè до етаблирани имиња или легенди во уметноста. Во нејзини рамки ќе бидат вклучени и другите субјекти како куратори, историчари на уметност, уредници на весници и списанија, колекционери и обични љубители на уметноста кои сакаат да бидат во тек со сето она што се случува на сцената. Сите тие ќе имаат можност да го коментираат и вреднуваат сето она што ќе го видат публикувано на платформата.
„Секој уметник и секој корисник на платформата ќе може да направи свој профил и во зависност од улогата што ќе ја имаат во нејзини рамки ќе можат интерактивно да комуницираат“, вели Коневска.
Од друга страна, берлинската глобалната платформа Артфактс. нет датира од 1999 година и располага со голем број на квантитативни и квалитативни информации за уметниците од светот, за нивните дела, поседува целосна евиденција за одржаните изложби почнувајќи од првиот Зимски салон на експресионистите одржан во Париз во 19 век и врз база на сето тоа лиферува ранг листи кои ја посочуваат позицијата на одреден уметник (независно од тоа дали е современик или поодамна починат но чии изложби и натаму се следат со исклучително внимание од публиката) на глобалната уметничка сцена.
Од таму, сосема оправдано е кога Марек Класен, првиот човек на Артфактс.нет, кој патем со платформата раководи од 2001 година, забележува дека „Остен“ и „Форвард“ прават засебен напреден проект за соработка и вмрежување на уметниците чие развивање тие не само што ќе го помогнат туку и ќе го користат во креирањето на сопствените ранг листи.
„Во ерата на глобализација важно е да се биде поврзан и да се соработува со странски уметници, особено ако сте од мала земја. Платформата ќе биде место за естетски натпревар на делата на македонските уметници со оние на уметниците од светот“, вели Класен.
Инаку, од „Остен“ го најавија и отворањето на изложбата и доделувањето на наградите на Светската галерија на цртеж – Биенале на наградени автори што треба да се одржи на 19 септември во Гевгелија, а во тек се и активностите околу организирањето на Првото собрание на амбасадорите на оваа наша уметничка институција. Станува збор за концепт во кој се вклучени интернационални уметници, интелектуалци, љубители на уметноста, пријатели и поддржувачи на „Остен“ кои ќе делуваат како советодавно тело и ќе допринесуваат за негов постојан развој.
Знаеме дека веќе не е работа на избор дали сакаш или не сакаш да бидеш на интернет. Процесите во глобалниот свет едноставно го наложуваат тоа и ние решивме што поскоро да фатиме чекор со нив. За таа цел направивме проект, ги избравме нашите партнери за изработка на софтвер - компанијата „Форвард“ од Македонија и ги поканивме Артфактс.нет да соработуваме на проектот зашто има допирни точки меѓу нивната работа и она што ние планираме да го направиме. Оваа платформата ќе претставува можност за онлајн-интеракција помеѓу создавачите на уметност и помеѓу конзументите на уметност.Корнелија Коневска, извршна директорка на „Остен“.
Корнелија Коневска, извршната директорка на „Остен“, вели дека оваа идеја е разработувана подолго време и дека нејзината крајна цел е вклучување во модерните текови на поврзување на креаторите на уметност и нејзините конзументи.
„Знаеме дека веќе не е работа на избор дали сакаш или не сакаш да бидеш на интернет. Процесите во глобалниот свет едноставно го наложуваат тоа и ние решивме што поскоро да фатиме чекор со нив. За таа цел направивме проект, ги избравме нашите партнери за изработка на софтвер - компанијата „Форвард“ од Македонија и ги поканивме Артфактс.нет да соработуваме на проектот зашто има допирни точки меѓу нивната работа и она што ние планираме да го направиме. Оваа платформата ќе претставува можност за онлајн-интеракција помеѓу создавачите на уметност и помеѓу конзументите на уметност“, вели Коневска.
Во ерата на глобализација важно е да се биде поврзан и да се соработува со странски уметници, особено ако сте од мала земја. Платформата ќе биде место за естетски натпревар на делата на македонските уметници со оние на уметниците од светот.Марек Класен, прв човек на Артфактс.нет.