Сведочење на Џон Кери за воената интервенција во Сирија
Комитетот на американскиот Сенат ја поддржа резолуција која одобрува „ограничена“ воена интервенција во Сирија, како што предложи претседателот Барак Обама. Според западните медиуми, резолуцијата забранува копнено учество во борбите во Сирија, а рокот за операцијата е 90 дена. Сенатскиот комитет за надворешни односи доцна синоќа ја прифати резолуцијата по сведочењата на државниот секретар Џон Кери и секретарот за одбрана Чак Хејгел. Кери рече дека ако не се реагира, ќе биде нарушен угледот на САД и на сојузниците.