Употреба на хемиско оружје во предградие на Дамаск?
Сириската влада ги демантира сириските опозициски активисти дека сили лојални на Претседателот Башар ал Асад користеле хемиско оружје за време на денешниот ракетен напад врз предградија на Дамаск во кој загинале десетици луѓе. На државната телевизија беше објавено дека станува збор за лага. Сириската обсерваторија за човекови права со седиште во Лондон пак ги повика експертите на ОН, кои во неделата допатуваа во Сирија, да покренат истрага за тоа кој е одговорен за ова бомбардирање со отровен гас. Според друга сириска опозициона група „Локален координативен Комитет, стотици луѓе загинале во нападот. Овој извештај во моментов не може да биде потврден. Властите и опозицијата се обвинуваат за користење хемиско оружје во речиси 30 месечната граѓанска војна.