Претседателот на Комитетот на Претставничкиот дом на Конгресот за домашна безбедност Мајкл Меккоул изјави дека разузнавачките податоци покажувале оти станува збор за најспецифични и најуверливи закани што тој ги видел од терористичките напади врз Соединетите држави на 11 септември 2001 година.
Заменик портпаролот на Стејт департментот Мери Харф оцени дека ситуацијата налагала посебни мерки.
„Генерално, она што го правиме е преземање мерки на претпазливост за да ги заштитиме нашите луѓе, нашите објекти и посетителите на овие објекти во странство.“
Според некои извештаи, разузнавачките служби следеле пораки од лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири до Насир ал Вухаиши, неговиот заменик во Јемен, за планирани големи терористички напади. Харф потврди дел од информациите.
„Оваа закана произлегува од Арапскиот Полуостров. Јасно е дека тамошната Ал Каеда е најактивната терористичка организација на Полуостровот и оти е најактивен оперативен партнер во мрежата на Ал Каеда. Но, нема да навлегувам во детали на разузнавачките информации за тоа кој би можело да биде зад оваа закана.“
Во некои новински извештаи се прецизира дека првите пораки од ал Завахири до неговиот заменик во Јемен ал Вухаиши биле пресретнати пред неколку недели.
Од тогаш, како што се наведува, нивото на нивната комуникација било слично како во времето на терористичките напади што Ал Каеда ги изведе врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.
Кон ова се додава и фактот дека во изминатиот месец стотици припадници на Ал Каеда избегле од затворите во девет земји, меѓу нив Ирак, Либија и Пакистан.
Според потпретседателот на сенатскиот Комитет за разузнавање Саксби Чемблис, голема улога во пресретнувањето на овие закани одиграла тајната програма на Националната агенција за безбедност за следење на мобилните телефони и на интернет комуникацијата.
Оваа програма на Националната агенција е под истрага откако нејзиниот ексвработен Едврад Сноуден обелодени информации за тоа дека со неа се следат милиони луѓе во светот.
Официјален Вашингтон не ја прецизира природата на заканите, ниту можните цели на потенцијалните напади.
Врз основа на фатените пораки, Соединетите држави затворија дваесетина дипломатски мисии во земјите низ Северна Африка и Блискиот Исток. Тоа го сторија и Британија, Франција, Германија и Норвешка.
Мерката ќе трае до крајот на Рамазан, муслиманскиот свет месец кој завршува кон крајот на неделава.

Оваа закана произлегува од Арапскиот Полуостров. Јасно е дека тамошната Ал Каеда е најактивната терористичка организација на Полуостровот и оти е најактивен оперативен партнер во мрежата на Ал Каеда. Но, нема да навлегувам во детали на разузнавачките информации за тоа кој би можело да биде зад оваа закана.Заменик портпаролот на Стејт департментот Мери Харф