Чип картичките дополнително ја нагласуваат безбедноста на плаќање со картички, велат од банките, додека граѓаните имаат чувство дека платежните картички сами по себе не се посигурна алтернатива од готовина. Најновите случаи на криминал значително допринесуваат за намалување на довербата во прифаќањето на платежните картички, велат нашите
соговорници.
„Често размислувам дали ме следи некој, дали снима, се сомневам, информиран сум дека крадат пари, фалсификуваат, гледате и од банки и од пошти крадат. Те следат од далеку, ја запомнуваат бројката и после ја користат. “
„Не се безбедни картичките, има многу работи што прават да не се безбедни, крадат плаќаме голема камата итн“, велат анкетирани граѓани.
Од банките нагласуваат дека користат заштитни мерки односно дека самата картичка има соодветен заштитен механизам и дека и уредот на кој се употребува има заштитен механизам. Посолиден тип на заштитен механизам се бесконтактните картички кои се присутни во Македонија само преку една банка, но поради скапата
технологија на работа не се атрактивни. Најраспространети кај нас се чип картичките кои во себе имаат пин, вели Владимир Ефтимовски, претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка АД Битола.
„Но доколку уредот што се користи, пост терминалот кај трговецот или банкоматот не е сертифициран за чип картичка, во тој случај автоматски има можност за злоупотреба.“
Тој додава дека тоа го користат сите т.н електронски разбојници кои ги снимаат картичките од магнетната лента бидејќи и чип картичките во себе содржат и чип и магнетна лента каде што ги имаат податоците. Банкарите велат дека најдобра заштита е да се користат картички кои имаат чип и пин технологија.
„Препораката е дека треба да се избегнуваат издавачи на картички кои не се под чип технологија, заради тоа што на тој начин самиот корисник на картичката е изложен на зголемена можност за проневера. Неговата картичка може да биде снимена и да биде злоупотребена на било кој уред во светот каде што нема потреба од внесување на пин. “
Со исклучок на една до две банки сите други банки во Македонија ја имаат оваа технологија.
Темата се актуализира откако викендов МВР информираше дека струмичанец пазарел преку интернет со украдени податоци од платежни картички на странски државјани, а во криминалот го користел компјутерот на своја пријателка. Единицата за компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Струмица поднесоа две кривична пријава против две лица македонски државјани.
соговорници.
Често размислувам дали ме следи некој, дали снима, се сомневам, информиран сум дека крадат пари, фалсификуваат, гледате и од банки и од пошти крадат. Те следат од далеку, ја запомнуваат бројката и после ја користат.Анкетирани граѓани.
„Често размислувам дали ме следи некој, дали снима, се сомневам, информиран сум дека крадат пари, фалсификуваат, гледате и од банки и од пошти крадат. Те следат од далеку, ја запомнуваат бројката и после ја користат. “
„Не се безбедни картичките, има многу работи што прават да не се безбедни, крадат плаќаме голема камата итн“, велат анкетирани граѓани.
Од банките нагласуваат дека користат заштитни мерки односно дека самата картичка има соодветен заштитен механизам и дека и уредот на кој се употребува има заштитен механизам. Посолиден тип на заштитен механизам се бесконтактните картички кои се присутни во Македонија само преку една банка, но поради скапата
Препораката е дека треба да се избегнуваат издавачи на картички кои не се под чип технологија, заради тоа што на тој начин самиот корисник на картичката е изложен на зголемена можност за проневера. Неговата картичка може да биде снимена и да биде злоупотребена на било кој уред во светот каде што нема потреба од внесување на пин.Владимир Ефтимовски, претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка АД Битола.