Власта молчи по писмото на грчкиот премиер Андонис Самарас до премиерот Никола Груевски, во кое како што дознава Дневник, тој го одбива претходно понудениот предлог за директни средби на највисоко ниво за да се интензивираат разговорите за спорот за името.
Во реакцијата до јавноста СДСМ, пак, инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во земјава.
„За непринципиелноста на грчката страна и злоупотреба на позицијата на членство во ЕУ и НАТО, спротивни на стандардите и принципите на Унијата и Алијансата, неопходно е да бидат запознаени меѓународната заедница и инволвираните во обидите за изнаоѓање решение. СДСМ инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија. Да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција. Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на
ексклузивно авторство и на затвореност по ова прашање од суштинско значење за земјата,“ стои во соопштението од СДСМ.
Во меѓувреме реагираа и помалите политички партии од власта и опозицијата.
Од Демократскиот Сојуз изјавија дека одговорот на Самарас не е изненадување, туку потврда на според нив грчката стратегија за нерешавање на спорот.
„Во 90-тите години грчкиот државен врв донесе стратегија или платформа којашто во основа содржи прво да го отвори ова прашање околу името на Република Македонија, да изгради систем на решавање на ова прашање, но никогаш да не го реши. Тоа е нивната главна стратегија“, изјави лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.
И за Тито Петковски од Новасоцијалдемократска партија нема ништо ново во одговорот на Самарас како и во изјавите на словенечкиот претседател Борут Пахор дека е потребно земјава да покаже гест со кој ќе ја увери меѓународната заедница дека има иницијатива за решавање на спорот.
Иницијативата, посочува Петковски не значи само праќање на куртуазни покани за средби, туку многу повеќе.
„Таа иницијативност меѓу другото подразбира и како Македонија мисли да го реши проблемот, што вложува Македонија во смисла кој е предлогот на Македонија. Ако веќе ги отфрлате сите предлози на Нимиц, тогаш што нудите вие“, вели Петковски.
Трајанов пак уверува дека што и да направи Македонија,колку и предлози да понуди, Грција е таа која постојано ќе ги одбива и ќе го оддолговлекува процесот.
„Ние можеме и натаму да бидеме во офанзива, да предлагаме решенија, дали преку дипломатските канали, дали преку посредници и тоа би било добро да бидеме во некаква офанзива, но факт е дека Грција не е подготвена конкретно да се вклучи во разговори и да го реши овој спор“, вели Трајанов.
Од Демократската Унија за интеграција пак соопштија дека на вчерашната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со американскиот амбасадор Пол Волерс, Ахмети побарал поголема и директна ангажираност од Вашингтон за да се олесни постигнувањето на компромис со јужниот сосед, притоа истакнувајќи дека ќе продолжи со промотивната кампања за придобивките на земјата од зачленувањето на НАТО.
Инаку во одговорот што Самарас му го испрати на Груевски пишува дека нема потреба од средби бидејќи Грција не била таа што ги блокира македонските евроинтеграции, туку самата Европска Унија не дозволувала Македонија да оди напред.
Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на ексклузивно авторство и на затвореност по ова прашање од суштинско значење за земјата.Соопштение од СДСМ.
Во реакцијата до јавноста СДСМ, пак, инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во земјава.
„За непринципиелноста на грчката страна и злоупотреба на позицијата на членство во ЕУ и НАТО, спротивни на стандардите и принципите на Унијата и Алијансата, неопходно е да бидат запознаени меѓународната заедница и инволвираните во обидите за изнаоѓање решение. СДСМ инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија. Да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција. Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на
Во 90-тите години грчкиот државен врв донесе стратегија или платформа којашто во основа содржи прво да го отвори ова прашање околу името на Република Македонија, да изгради систем на решавање на ова прашање, но никогаш да не го реши. Тоа е нивната главна стратегија.Павле Трајанов, Демократски сојуз.
Во меѓувреме реагираа и помалите политички партии од власта и опозицијата.
Од Демократскиот Сојуз изјавија дека одговорот на Самарас не е изненадување, туку потврда на според нив грчката стратегија за нерешавање на спорот.
„Во 90-тите години грчкиот државен врв донесе стратегија или платформа којашто во основа содржи прво да го отвори ова прашање околу името на Република Македонија, да изгради систем на решавање на ова прашање, но никогаш да не го реши. Тоа е нивната главна стратегија“, изјави лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.
И за Тито Петковски од Новасоцијалдемократска партија нема ништо ново во одговорот на Самарас како и во изјавите на словенечкиот претседател Борут Пахор дека е потребно земјава да покаже гест со кој ќе ја увери меѓународната заедница дека има иницијатива за решавање на спорот.
Таа иницијативност меѓу другото подразбира и како Македонија мисли да го реши проблемот, што вложува Македонија во смисла кој е предлогот на Македонија. Ако веќе ги отфрлате сите предлози на Нимиц, тогаш што нудите вие.Тито Петковски, НСДП.