Достапни линкови

Името за политичко поткусурување дома


Архивска фотографија: Средба на претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц во вилата „Билјана“ во Охрид.
Архивска фотографија: Средба на претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц во вилата „Билјана“ во Охрид.

Преку спорот за името со Грција, политичките партии ги остваруваат своите дневно политички цели и собираат поени на домашен терен, оценуваат аналитичарите.

Домашната јавност оценува дека спорот за името со Грција е прашање преку кое политичките партии ги остваруваат своите дневни политички цели и собираат поени на домашен терен. Не е непознато дека ова прашање е злоупотребувано во политичките кампањи пред изборите, потсетува политичкиот аналитичар Едмонд Адеми.
Груевски во 2008-та на тоа прашање доби мнозинство во Парламентот од 63 пратеника, така што не е ништо ново во злоупотреба на тоа прашање. Лошо е што се злоупотребува, меѓутоа тоа се факти и зависно од секојдневните политички потреби прашањето за името се појавува одвреме навреме како тема која се користи за собирање на политички поени.
Едмонд Адеми., политички аналитичар.

„Груевски во 2008-та на тоа прашање доби мнозинство во Парламентот од 63 пратеника, така што не е ништо ново во злоупотреба на тоа прашање. Лошо е што се злоупотребува, меѓутоа тоа се факти и зависно од секојдневните политички потреби прашањето за името се појавува одвреме навреме како тема која се користи за собирање на политички поени.“
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

И додека преку изјави и соопштенија во јавноста, власта уверува дека е конструктивна и заинтересирана за изнаоѓање компромис, опозицијата се жали дека не е информирана за деталите од преговарачкиот процес. Дури и да сака опозицијата не може да има поактивна улога се додека власта не отвори дијалог со политичките партии во однос на ова прашање, вели Адеми.
Неизбежна е таквата употреба, затоа што и самата важност наметнува прашањето да буди чувства кај дел од гласачите и секогаш е интересно и условно кажано лесно да се игра со таквите емоции, со таквите ставови на граѓаните.
Владимир Мисев, Институт за демократија и граѓанско општество.

„Кога вие го држите тоа прашање како ексклузивно ваше прашање, како прашање на владата, односно на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, тогаш не можете да очекувате од опозицијата некоја проактивна улога, затоа што таа ги нема сите информации на маса за тоа што се случува со прашањето со името.“

Несомнено е дека сите политички партии во земјава го користат прашањето за остварување на теснопартиските интереси, но тоа е неизбежно оти ова прашање само по себе буди чувства кај дел од гласачите, вели Владимир Мисев од Институтот за демократија и граѓанско општество.

„Неизбежна е таквата употреба, затоа што и самата важност наметнува прашањето да буди чувства кај дел од гласачите и секогаш е интересно и условно кажано лесно да се игра со таквите емоции, со таквите ставови на граѓаните.“

Мисев смета дека во овој момент партиите не можат да кажат ништо повеќе од тоа што досега во јавноста се знае. Очекувам политичките партии и владејачките и опозицијата поексплицитно да се изјаснат тогаш кога ќе има конкретно решение што ќе биде ставено на референдум.

„Кога е веќе јасно дека како Македонија не зависи од нас, очекуваме другата страна да се согласи на нешто, мислам дека ние имаме направено доволно отстапки, така што во овој момент не гледам дека решението на проблемот е односот, во комуникацијата меѓу власта и опозицијата, мислам дека има некаков таков консензус за нешто колку и тој да е тежок за препознавање во овој момент.“

Изјавата на лидерот на ДУИ дека последниот предлог на Нимиц е Горна Македонија и истиот е добра основа за преговори, предизвика доста реакции во јавноста. Опозицијата не даде коментар дали за неа е прифатлив ваквиот предлог, туку го повика премиерот Никола Груевски итно да ги повика сите релевантни политички партии и да ги изложи информациите за преговарачкиот процес, деталите од предлогот на Нимиц и ставот на владата и на државниот врв по ова прашање. Од Владата соопштија дека нема да шпекулираат и коментираат за евентуални предлози за да не се наруши процесот и да не се влијае на позициите во разговорите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG