Достапни линкови

Партиите просечно транспарентни за парите


Политичките партии добија просечна оценка за транспарентноста во финансирање на изборните кампањи во најновиот извештај на Транспаренси Интернејшнал. Според организацијата, недостасува политичка волја тоа прашање да се уреди со закон.

Просечна оценка добија политичките партии во однос на транспарентноста за финансирање на изборните кампањи во најновиот извештај на Транспаренси Интернејшнал, „Купување Влијание - Парите и политиката во Република Македонија“. Вкупниот индекс во однос на законите и нивната пракса изнесува 6,2. Директорот на организацијата Слаѓана Тасева вели дека најслабо оценето со индекс од 2,9 е обезбедувањето на веродостојноста на финансиските извештаи. Според неа, недостасува политичка волја тоа прашање да се уреди со закон.
Значи никој не е надлежен да провери каков тип на донација е онаа што ја даваат медиумите на политичките субјекти за време на изборите дали некој навистина ги заработил и му се оданочени тие пари ко ги дал за време на изборна кампања, значи тоа не постои во ниту еден закон и тука се гледа најслабата точка во финансирањето на политиката и дотука произлегуваат, би рекла, сите проблеми понатаму во создавање на тие должничко-доверителски односи.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернејшнал - Македонија.

„Значи никој не е надлежен да провери каков тип на донација е онаа што ја даваат медиумите на политичките субјекти за време на изборите дали некој навистина ги заработил и му се оданочени тие пари ко ги дал за време на изборна кампања, значи тоа не постои во ниту еден закон и тука се гледа најслабата точка во финансирањето на политиката и дотука произлегуваат, би рекла, сите проблеми понатаму во создавање на тие должничко-доверителски односи.“

Според Тасева, недостасуваат казнени и превентивни мерки кои законски се добро уредени, но лошо се применуваат. Потребно е да се подобрат капацитетите на државните институции кои вршат надзор над финансирањето во политиката, поефикасно да се применуваат законите, да се обезбеди продлабочено информирање и да се објавуваат донаторите.

„Овде утврдивме дека постои проблем затоа што и донорите со кои контактиравме не сакаат да бидат објавувани нивните имиња затоа што се загрижени дека може да имаат некакви последици заради фактот дека донирале за одредена политичка кампања

Потребно е и да се обезбеди идентификација на донациите во вид на медиумски реклами, додава Тасева.

„Донациите кои се давени или се даваа од медиумите треба точно да се дефинираат дали станува збор за донација затоа што донацијата не треба да надмине одреден износ, дали станува збор за попуст, по основ на кои некој би требало да пати одредена фактура, а тоа се различни категории.“

Според извештајот, Македонија покажува добри резултати во однос на опсегот, длабочината и поднесување на извештаите, како и книговодството.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG