Достапни линкови

Невладините тешко ги следат партиските пари


Македонија е претпоследна во регионот во однос на ефикасноста на невладиниот сектор во надзорот на политичките партии, покажува најновиот извештај на „Транспаренси интернешнел“ насловен „Купување влијание: Пари и избори на Балканот“.

Ефикасноста на невладиниот сектор во надзорот на политичките партии во Македонија е проценета како просечна во најновиот извештај на „Транспаренси интернешнел“ насловен „Купување влијание: Пари и избори на Балканот“. Во споредба со останатите држави, по овој критериум земјата е претпоследна во регионот. Претседателот на Транспаренси интернешнел во Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека активностите на цивилниот сектор во следењето на финансирањето во политиката се многу мали и со минимален ефект, бидејќи темата долго време била затворена за општеството.
Прво граѓаните не беа доволно свесни дека тоа и нив ги засега, а втора причина е и тогаш кога почна да се занимава со ова граѓанскиот сектор многу тешко се доаѓа до податоци. Не постојат релевантни информации, се она што постои е делумно и нецелосно и ние го сметаме за нерелевантно, врз основа на кои може да се извлече вистински заклучок.
Слаѓана Тасева , Транспаренси интернешнел во Македонија

„Прво граѓаните не беа доволно свесни дека тоа и нив ги засега, а втора причина е и тогаш кога почна да се занимава со ова, граѓанскиот сектор многу тешко се доаѓа до податоци. Не постојат релевантни информации, се она што постои е делумно и нецелосно и ние го сметаме за нерелевантно, врз основа на кои може да се извлече вистински заклучок.“

Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија вели дека со измените во Законот за пристап до информации институциите се потранспарентни од порано за разлика од партиите.
Немаме толку проблеми со институциите колку што имаме со самите политички партии. Политичките партии согласно судскиот регистер се околу педесетина на број, меѓутоа морам да кажам дека пола или помалку од пола од барањата што им ги испраќаме за пристап до информации не ни стигнуваат до нив затоа што не им се апдејтирани самите информации или, пак, не сакаат да ги примаат.
Ана Јаневска Делева, Транспарентност Македонија.

„Немаме толку проблеми со институциите колку што имаме со самите политички партии. Политичките партии согласно судскиот регистер се околу педесетина на број, меѓутоа морам да кажам дека пола или помалку од пола од барањата што им ги испраќаме за пристап до информации не ни стигнуваат до нив затоа што не им се апдејтирани самите информации или, пак, не сакаат да ги примаат.“

Според Тасева, проблем е и тоа што малку невладини организации се занимаваат со ова прашање. Таа порачува дека мора да се подигне и свеста кај членовите на партиите, но и кај сите граѓани кои треба да знаат кој кого финансира.

„Понатаму да ги зајакнуваме капацитетите на невладиниот сектор да знаат што е тоа што може и треба да се бара и од партиите, но и од институциите кои според закон се надлежни да го следат финсирањето на партиите, а кои тоа не го прават на ефикасен начин и онака како што тоа е предвидено во законот.“

Делева смета дека проблемот е кај Државниот завод за ревизија кој не ја врши својата работа.

„Доколку се направи ревизија ќе се видат доста недостатоци и нетранспарентно финансирање, меѓутоа доколку не се направи ревизија ние како невладина организација можеме само да дадеме мислење и препораки за она што го гледаме, меѓутоа Државнито завод за ревизија и институциите доколку се волни да го направат тоа- можат.“

Во извештајот е утврдено дека во Македонија никогаш не биле казнети политички партии за непочитување на правилата за финансирање на предизборна кампања.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG