За помалку од две и пол години бруто надворешниот долг на Македонија пораснал за една милијарда и двесте милиони евра со што сега изнесува 5,5 милијарди евра или 73,5 проценти од бруто домашниот производ. Само во првиот квартал од годинава, бруто надворешниот долг пораснал за 340 милиони евра. Според последните податоци на Народната банка, раст на надворешната задолженост е забележана во речиси сите сектори.
За разлика од 2007 година кога државата учествувала во надворешниот долг со 15 проценти, во 2012 година нејзиното учество изнесува 21,1 процент.
Од 2006 година до денеска, бруто надворешниот долг на Македонија пораснал за три милијарди евра.
Универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров вели дека стапката на раст на бруто надворешниот долг зазема загрижувачка динамика.
„Прашањето е само на отворањето на алармот за суштинското прашање, а тоа е каде оди, каде се насочува овој долг, дали јавниот сектор го употребува финансискиот долг земен од странство продуктивно, дали тоа го прави во изградба на потребни инфраструктурни објекти, или здравство, или во елиминирање на екстремната сиромаштија или, пак, го прави во нешто што е непотребно. Јас имам впечаток дека е ова последново“, вели тој.
Шукаров објаснува дека во овој случај не се работи за структурно голем долг, но прашањето што се наметнува е динамиката на растот на долгот во однос на растот на бруто домашниот производ.
„Гледаме дека тоа не е сразмерно, значи бруто домашниот производ заостанува и се мери со многу ниски бројки. Тоа е еден, 1,5 или 2 проценти што за земја како што е Македонија или земја којашто е недоволно развиена е многу ниска стапка на раст. Таа кореспондира со развиените економии, 2,5 или три проценти, тоа може да си го дозволат САД или Германија, но не и Македонија. Македонија бара многу повисоки стапки“, вели Шукаров.
Бруто надворешниот долг е збир од долгот на државата и долгот на банките и фирмите кон странство. На долг рок, екстремното зголемување на бруто надворешниот долг претставува проблем за сервисирање на обврските поради слабиот извоз од една страна и потребата од земање кредити со високи камати за порамнување на надворешниот долг, а со тоа изворите на капитал стануваат многу скапи.
Шукаров објаснува дека треба да се послушаат препораките на Меѓународниот монетарен фонд, односно да се создаде пракса да се приоретизираат потребите на државата на среден рок, а тоа сигурно не се спомениците.
Прашањето е само на отворањето на алармот за суштинското прашање, а тоа е каде оди, каде се насочува овој долг, дали јавниот сектор го употребува финансискиот долг земен од странство продуктивно, дали тоа го прави во изградба на потребни инфраструктурни објекти, или здравство, или во елиминирање на екстремната сиромаштија или, пак, го прави во нешто што е непотребно. Јас имам впечаток дека е ова последново.Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.
За разлика од 2007 година кога државата учествувала во надворешниот долг со 15 проценти, во 2012 година нејзиното учество изнесува 21,1 процент.
Од 2006 година до денеска, бруто надворешниот долг на Македонија пораснал за три милијарди евра.
Универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров вели дека стапката на раст на бруто надворешниот долг зазема загрижувачка динамика.
„Прашањето е само на отворањето на алармот за суштинското прашање, а тоа е каде оди, каде се насочува овој долг, дали јавниот сектор го употребува финансискиот долг земен од странство продуктивно, дали тоа го прави во изградба на потребни инфраструктурни објекти, или здравство, или во елиминирање на екстремната сиромаштија или, пак, го прави во нешто што е непотребно. Јас имам впечаток дека е ова последново“, вели тој.
Гледаме дека тоа не е сразмерно, значи бруто домашниот производ заостанува и се мери со многу ниски бројки.Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.