Откако пред десетина денови на меѓуопштинскиот пат Куманово-Липково со патничко моторно возило тешко бил повреден десетгодишен ученик од кумановското село Речица, а возачот избегал, мештаните секојдневно мирно протестираат, децата не ги пуштаат на настава и бараат соодветна сообраќајна безбедност.
Конкретно барање од надлежните е да се постават шест лежечки полицајци и други сообраќајни знаци, зашто возачите постојано возат со неприлагодена брзина, поради што само минатата година десетина лица биле тешко повредени, а една жена и го загубила животот. Мештаните велат дека секојдневните протести ќе продолжат се до подобрување на сообраќајната безбедност.
„Ова не е прв случај, десет лица до сега се повредени. Удри и бега, зошто не му пружи помош на детето. Јас сум тракторист и знам дека може да се направи грешка, а тој го фрлил детето и избегал“, вели Радомир Стаменковиќ, дедо на повреденото дете, кој пред неколку години на истиот пат и самиот бил жртва на возач од Ваксинце, кој исто така не му пружил помош.
„Се надеваме дека овој проблем ќе биде надминат и ќе нема несакани работи. До тогаш ќе има протести, патот ќе биде блокиран, децата нема да одат на училиште. Има голем револт и се бараат и порадикални чекори. Бараме да се стават шест лежечки полицајци низ целото село, што не е некој проблем и не треба некоја голема процедура“, вели Валентин Стоилковиќ, претседателот на Месната заедница во Речица.
Тие и до сега од надлежните институции барале да им се зголеми сообраќајната безбедност, но како што велат, нивните барања останале без резултати. Овој пат не отстапуваат, оти на околу 600 жители од кои 60-ина се основци, животите секојдневно им се се загрозени од несовесните возачи.
„Се вози од 80 до 100 километри на час. Не смее никој, особено децата да помине преку улица. Не можеме слободно да живееме, нашиот живот поминува во сообраќајна тортура“, вели еден од жителите.
Градоначалникот Зоран Дамјановски се согласува дека се поголемата сообраќајна некултура и несоодветното однесување на возачите е присутно не само на патот кој поминува преку селото Речица кон липковоските села Ваксинце и Лојане, туку и во градот, па и во државава. Поставување на лежечките полицајци е во процедура, но со нив само се ублажува, но не целосно се надминува проблемот. Затоа тој смета дека е неопходно:
„Една синхронизирана акција помеѓу МВР, Секторот за сообраќај и Општината, Секторот за комунални дејности, за да имаме навидум подобрување на сообраќајниот промет. Но, универзално е отстуство на сообраќајната култура. Се вози со неприлагодени брзини, не се почитуваат сообраќајните знаци,а во вечерните часови се вози и под дејство на алкохол.“
Општината својот дел од надлежноста ќе го заврши. Меѓутоа Дамјановски вели дека:
„Мора да имаме адекватна сообраќајна контрола и адекватни ригорозни сообраќајни казни, ќе ја подобриме, сигурно нема да ја анулираме состојбата, зашто тоа не се прави ниту со некој волшебен потег.“
Селото Речица е на пет километри од Куманово, а фреквенцијата на возилата и земјоделската механизација е многу голема.
Ова не е прв случај, десет лица до сега се повредени. Удри и бега, зошто не му пружи помош на детето. Јас сум тракторист и знам дека може да се направи грешка, а тој го фрлил детето и избегал.Радомир Стаменковиќ, жител на Речица.
Конкретно барање од надлежните е да се постават шест лежечки полицајци и други сообраќајни знаци, зашто возачите постојано возат со неприлагодена брзина, поради што само минатата година десетина лица биле тешко повредени, а една жена и го загубила животот. Мештаните велат дека секојдневните протести ќе продолжат се до подобрување на сообраќајната безбедност.
„Ова не е прв случај, десет лица до сега се повредени. Удри и бега, зошто не му пружи помош на детето. Јас сум тракторист и знам дека може да се направи грешка, а тој го фрлил детето и избегал“, вели Радомир Стаменковиќ, дедо на повреденото дете, кој пред неколку години на истиот пат и самиот бил жртва на возач од Ваксинце, кој исто така не му пружил помош.
Една синхронизирана акција помеѓу МВР, Секторот за сообраќај и Општината, Секторот за комунални дејности, за да имаме навидум подобрување на сообраќајниот промет. Но, универзално е отстуство на сообраќајната култура.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.