Достапни линкови

ММФ - Не ни е работа да навлегуваме во детали


Треба да постои транспарентност за приоритетите и во врска со тоа колку чинат работите, вели шефот на мисијата на ММФ во Македонија Александар Тиман

Колку е основана генералната проценка на ММФ за јавните расходи во Македонија? Прашањето се поставува откако првиот човек на мисијата во Македонија Александар Тиман посочи дека „многу е тешко да се проценува генералната потрошувачка бидејќи тоа не е работа на ММФ“.
Севкупната слика е сосема јасна. Мислам дека нема многу проблеми со буџетските бројки. Ако ги погледнете истите, како и бројките за задолженоста, мислам дека тие се сосема јасни. Но тоа се работи од големата слика. Можеме да го разгледаме буџетот и детално го разгледуваме буџетот, но увидот не го достигнува нивото на индивидуалните проекти.
Александар Тиман, шеф на мисијата на ММФ во Македонија.

„Сепак треба да постои транспарентност за приоритетите и во врска со тоа колку чинат работите. Мислам дека тоа е најважно, бидејќи без ваквата транспарентност за големите проекти, тешко е да се развие јавна дебата.“

Запрашан како ММФ успеа да направи проценка на севкупната состојба без да ги знае деталите за трошењето на јавните пари, тој одговара:

„Не ги знаеме деталите, но не ни е ни работа да навлегуваме во детали.“

РСЕ: Тогаш како правите севкупна проценка за јавните расходи?
Сметам дека задолжувањето претставува проблем и е од големо значење. И понатаму, како интересен фактор е тоа што државата сè уште претставува еден од најголемите работодавачи во Македонија. Јавната администрација сè повеќе се зголемува, но не станува поефикасна.
Гудрун Штајнакер, германска амбасадорка во Македонија.

„Севкупната слика е сосема јасна. Мислам дека нема многу проблеми со буџетските бројки. Ако ги погледнете истите, како и бројките за задолженоста, мислам дека тие се сосема јасни. Но тоа се работи од големата слика. Можеме да го разгледаме буџетот и детално го разгледуваме буџетот, но увидот не го достигнува нивото на индивидуалните проекти.“

Германската амбасадорка во земјава Гудрун Штајнакер забележува дека постојат фактори кои не смеат да бидат изоставени.

„Сметам дека задолжувањето претставува проблем и е од големо значење. И понатаму, како интересен фактор е тоа што државата сè уште претставува еден од најголемите работодавачи во Македонија. Јавната администрација сè повеќе се зголемува, но не станува поефикасна.“

Стопанствениците од Македонско–германското стопанско здружение забележуваат дека има позитивни трендови и 50 проценти од членовите на организацијата планираат зголемување на своите инвестиции. Претседателот на здружението Матијас Ханел вели стопанствениците во спроведената анкета за бизнис климата во Македонија во 2013 година посочиле и проблеми.

„Постојат дефицити во правната сигурност, пристап до финансиска поддршка од државата и средства од ЕУ, може тука да се каже во системот за јавни набавки, потоа бавниот процес на интеграција во ЕУ, потоа малите и средни претпријатија ја посочија ефикасноста на јавната администрација.“

Останува да се види дали предвидениот економски раст од два проценти ќе го оствари стопанството и инвеститорите или државата со трошење на позајмици и народни пари.
XS
SM
MD
LG