Достапни линкови

Димовски во постојана „борба“ со хaртијата, бојата и водата


Над 40-на акварели, главно актови и пејсажи, се изложени на првата самостојна изложба на младиот ликовен уметник Стефан Димовски што од 16 до 30 април се одржува во Музеј на град Скопје. Станува збор за творец кој не само што влезе во 11-то издание на Интернационалниот италијански каталог за Модерна уметност туку и доби награда за акварел на 12 Саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција.

Визуелните импресии во кои се прикажани темпераментните и раскошни женски тела, како да сакаат да ни го потврдат феноменот на убавото тело, кој секогаш иницира нова сликарска авантура, како и вечна инспирација во уметничкото творештво. Тематската определба на младиот уметник за женскиот акт и пејсажот, не треба да се сфати како бегство од реалноста, туку напротив, како метафора на еден вечен опстој и восхит за убавото, во борбата со грдото.

Ова ќе го забележи уметникот Милош Коџоман на отворањето на изложбата на акварели на својот млад колега Стефан Димовски во Музеј на град Скопје.
Јас работам еден брз стил на творење. Со многу динамика, многу движење...и континуирано сум во борба со хартијата, со бојата и со водата. Дали нешто е повеќе исушено, дали му треба уште вода, дали треба да се додаде или одземе...И тој процес на создавање ми е многу интересен, ме привлекува и ме држи во неизвесност. Ме тера повеќе и повеќе да навлезам во самата техника.
Стефан Димовски, уметник.

Станува збор за прва самостојна постановка на која авторот на домашната публика и претставува 42 свои дела, главно актови и пејсажи, така приопштувајќи ја својата ликовна приказна исткаена со сегменти од опкружувањето и животот воопшто.

„Јас работам еден брз стил на творење. Со многу динамика, многу движење...и континуирано сум во борба со хартијата, со бојата и со водата. Дали нешто е повеќе исушено, дали му треба уште вода, дали треба да се додаде или одземе...И тој процес на создавање ми е многу интересен, ме привлекува и ме држи во неизвесност. Ме тера повеќе и повеќе да навлезам во самата техника. “
Стефан Димовски, македонски сликар.
Стефан Димовски, македонски сликар.

Роден 1983 година во Скопје во уметничко семејство (татко му е познатиот македонски вајар Ангел Димовски Чауш), Стефан Димовски ја имал таа среќа долг период да престојува на Азурниот брег и во Прованса и таму да започне да ги открива тајните на акварелот. Тој на оваа техника сериозно започнал да и посветува внимание во 1995, за
Главното место и натаму го завзема акварелот. Од друга страна пак, токму експериментот со други техники само ми овозможува се повеќе и повеќе да го откривам акварелот и неговото примарно место во моите слики.
Стефан Димовски, уметник..
да потем стане учесник на повеќе групни изложби на слики и акварели во галериите на југот од Франција. Во 2010 година неговите дела ќе бидат селектирани за 11-то издание на Интернационалниот италијански каталог за Модерна уметност, а веќе наредната 2011 добива награда за акварел во конкуренција од 60 сликари и акварелисти на 12-от Саем за сликари и акварелисти што се одржал во Сан Рафаел.

„Тоа ми е прва награда за акварел. Самото име на настанот укажува дека акварелот е рамноправно ставен со останатите сликарски техники. На овој Саем беа присутни бројни уметници од Франција и од други земји во светот, при што ја имав честа мене да ми ја дадат наградата за акварел.“

Уметникот дополнува дека и во Македонија полека, но сигурно започнува се повеќе да му се обрнува внимание на акварелот и вели дека и тој самиот се решил да експериментира на тоа поле што може убаво да се види и на неговата актуелна изложба.

„Главното место и натаму го завзема акварелот. Од друга страна пак, токму експериментот со други техники само ми овозможува се повеќе и повеќе да го откривам акварелот и неговото примарно место во моите слики. “

Прашан за натамошните амбиции по ова првично самостојно претставување, Димовски вели дека би било убаво тоа што некој човек ќе го создаде да биде видено, да се овозможи интеракција помеѓу создавателот и публиката. Тој потенцира дека за поедноставно функционирање на творците би било неопходно да има некој кој би се грижел за сите споредни работи поврзани со уметноста, но...

„Сепак останува на уметникот да направи добра слика. И кога веќе ќе ја има, таа сама по себе би привлекувала одреден аудиториум од секаква фела, од обичните граѓани до стручната јавност. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG