Достапни линкови

Експлозии за време на маратонот во Бостон


Две експлозии, една по друга, одекнале во Бостон за време на традиционалниот маратон во тој американски град.Бостонската полиција потврди дека имало и трета експлозија кај ЏФК библиотеката, исто така во Бостон, а ги третира како поврзани.

До првите две експлозии дошло во близина на линијата за финиш на маратонот откако некои од натпреварувачите ја завршиле трката, но некои сеуште трчале. На повредените најнапред им помагале организаторите на маратонот и медицинскиот персонал, а потоа и екипи за прва помош. На местото на експлозиите настанала паника, маратонот бил прекинат, а полицијата ја блокирала целата област. На маратонот учествувале околу 27.000 натпреварувачи, а имало и голем број гледачи.
Некои агенции јавија дека полицијата нашла уште две експлозивни направи во близина, но успеала да ги демонтира.Над Бостон била прогласена зона забранета за летови.
Американскиот претседател Барак Обама разговарал со градоначалникот на Бостон и со гувернерот на Масачусетс, при што понудил федерална помош за справување со последиците од инцидентот.
Поради инцидентот во Бостон, американските служби за безбедност ја зајакнале контролата и во другите поголеми американски градови, вклучувајки ги и Њујорк и Вашингтон.
Британската полиција веднаш започнала со разгледување дополнителни мерки за безбедност пред маратонот во Лондон, кој треба да се одржи во недела.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG