Достапни линкови

Нема субвенции за сите тутунари


Тутунари во долненското село Заполжани.
Тутунари во долненското село Заполжани.

Неколкумина тутунари од прилепско, се жалат дека се уште им доцни ветената премија од Министерството за земјоделство. Од Сојузот на тутунски здруженија признаваат дека има неколкумина кои не добиле субвенции, па им порачуваат да се јават во просториите на Сојузот, за да ја исправат грешката.

Вера Ацеска од долненското село Заполжани со своето семејство со години произведува тутун за да си обезбеди егзистенција и за да им помогнат со сопругот на децата и на внуците. Лани произвеле околу 2 тона, а годинава 1,5 тони квалитетен тутун. Го предале и парите, вели, ги добиле навреме. Но, ниту лани, ниту годинава тие не ја добиле ветената премија од Министерството за земјоделство. Не им е јасно кои се причините што нивното име е изоставено од списокот на тутунарите.
Десетина декари имавме, а минатата година имавме повеќе, премија не зедовме, а зошто не зедовте премија, прво баравме секаде се јавија рекоа дека немате платено, данок, отиде мажот ми плати, до кај 15-ти април ќе ги добиете, не ги добивме.
Вера Ацеска, земјоделец од Заполжани.

„Десетина декари имавме, а минатата година имавме повеќе, премија не зедовме. Прво баравме секаде, се јавија рекоа дека немате платено данок, отиде мажот ми плати, до кај 15-ти април ќе ги добиете, не ги добивме. Отиде за годинашнава праша, нема, после бараше и во Скопје, се јавуваше секогаш, ништо, а се си плаќаме редовно: струја, вода, ѓубре, се ни е подмирено, а зошто пари нема, не знам“, вели Ацеска.

Анѓа Трајкоска е регистриран земјоделец од Прилеп. Сите давачки кон државата, тврди, дека и се намирени, редовно плаќа придонеси, водата што ја користи за наводнување, но ете субвенции за тутунот за неа се уште нема.
Прво мислев на банка да не има некој проблем со сметката, ништо немаше, појдов во Министерство за земјоделство, се обратив, ми дадоа телефон од Агенцијата за финансиска поддршка и развој и се јавив на телефон, ми рекоа имате долг кон водостопанство, појдов таму во водостонаство.
Анѓа Трајкоска, земјоделец од Заполжани.

„Прво мислев на банка да не има некој проблем со сметката, ништо немаше, појдов во Министерство за земјоделство, се обратив, ми дадоа телефон од Агенцијата за финансиска поддршка и развој и се јавив на телефон, ми рекоа имате долг кон водостопанство, појдов таму во водостонаство, не знам што ми кажуваа, воделе некој долг, јас со уплатницата што си ја имав и со договорот што си го направив, му докажав дека се ми е платено, ми рекоа дека ќе ја исправиме работата, ќе земите субвенции после мај онаму“, вели Трајкоска.

Киро Мартиноски е крајно разочаран, зашто не може да ја добие премијата. Со сопругата едвај со парите од тутунот, врзуваат крај со крај, се мачат, есапат, планираат, секој денар од тутунот и од субвенции им е предвреме потрошен.

„Тие се планирани уште пред време, дадени, за орање сега, за тарана, за ова, за она, кога ќе фрламе таран на Петровден, примања никакви, јас не знам што ќе биде, со тоа тутунчето што беше од него, малку млекце носиме, по 5 литри, колку за лебот, еве сметките не се платени, за струја, за вода, некни си дадов, ми ја блокираа сметката, за 5000, 18.000 денари, ни суд, се пресудено, и сега што да направам, од каде ќе извадам јас 18 илјадарки ми зедоа“, вели Мартиноски.

Но, не само овие тројца тутунари. Во прилепско има и други производители кои не сакаат јавно да говорат за своите тутунарски маки како што велат и кои не добиле премија. Од Сојузот на тутунски здруженија на Македонија пред почеток на изборите дури и се заблагодарија на Владата, зашто субвенциите им се исплатени многу порано во споредба со минатата година. Сега признаваат дека има неколкумина кои не добиле субвенции, па им порачуваат да се јават во просториите на Сојузот, за да ја исправат грешката. Но, од Сојузот немаат одговор, зошто некои тутунари не добиле пари за реколтата од 2011 година.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG